1002 д. 100 ГОДИШЕН ЈУБИЛЕЈ
Еден регион - Една економија
Актуелно / Стопанска комора на Македонија
   
Ставови
03.05.2019 👁 Прочитано: 2556

ЗОШТО ФАКТОРИНГ


Подршката пред се на малите и средни компании кои по дефиниција се двигател на  економијата е од големо значење кога се реализира во било која форма. Нивиот развој значи и развој на економијата во целина. Оттука секоја алатка која помага во одржување на растот и развојот на компаниите треба да биде препознаена и да се обезбеди нејзина максимална примена и корист. Една од тие алатки е Факторингот.

Факторингот, како алтернативен извор на финансирање го помага растот на претпријатијата, обезбедувајќи брз пристап до финансиски средства, ја подобрува ликвидноста на фирмите, помога за нивно поефикасно развивање и нуди флексибилни финансиски решенија, прилагодени за деловните потреби.

Факторингот е финансиска алатка со која истовремено се обезбедува кредитна заштита, регистар на побарувањата, наплата на побарувањата и финансирање за компаниите кои продаваат производи и услуги со одложено плаќање. На деловните субјекти им овозможува брз и ефикасен пристап до финансиски средства, преку продавање на недоспеаните побарувања, со што паралелно ја подобрува ликвидноста и го поттикнува растот на претпријатијата а истовремено овозможува продажба на производи и услуги на одложено плаќање, и дел од средствата наведени во фактурата да се добиваат веднаш.

Факторингот обезбедува свеж обртен капитал во моментот кога на компаниите им е најпотребен. На тој начин директно го поддржува нивниот раст и развој. Во основа, факторингот обезбедува предвремена наплата на средствата а истовремено и за разлика од банкарските кредити не бара дополнително обезбедување.  

Извозниот факторинг е производ наменет за Македонските извозни компании кои имаат побарувања од странски купувачи при извоз на стоки и услуги. Тој е одлична алатка за освојување на нови пазари и купувачи. Истовремено придонесува и за зголемување на конкурентноста и проширување на пазарните можности преку користење на алтернативни извори на финансирање.

Во Европската унија обемот на факторинг изнесува повеќе од 10 отсто на БДП, а во Словенија чиј пазар е поразвиен од останатите во регионот, достигнува три проценти од БДП или 1,2 милијарди евра. Во Македонија оваа финансиска алатка се мери во промили како процент од БДП.

Компаниите имаат алтернатива – Факторингот треба да го користат за нивен развој.

Јадранка Аризанковска, Виш советник во Стопанската комора на Македонија

ЗОШТО ФАКТОРИНГ