ФАКТОР: Ќе се бара меѓународна институција да издаде обврзница во денари

   

www.faktor.mk / 15.02.2019
👁 Прочитано: 611


ФАКТОР: Ќе се бара меѓународна институција да издаде обврзница во денари

Народната банка и Министерството за финансии планираат да разговараат со меѓународни финансиски институции кои би можеле да издадат должнички хартии од вредност во домашна валута на македонскиот финансиски пазар. 

Во следниот период властите сакаат да се фокусираат на поттикнување на издавање хартии од вредност во денари за да се намали евроизацијата во економијата. За тоа веќе има и посебна стратегија за денаризација на НБМ и на Финансии. 

На тој начин, ќе се збогати лепезата на финансиски инструменти достапна до домашните инвеститори, со истовремено зголемување на можностите за распределба на изложеноста на инвеститорите кон различни издавачи на хартии од вредност. Се предвидува средствата коишто ќе се приберат преку емисиите на ваквите хартии од вредност да се насочат како кредитна поддршка на малите и средните претпријатија, што би влијаело позитивно и врз вкупните економски движења во домашната економија, велат од Министерството за финансии.

Целосната информација можете да ја преземете тука.