ЕДЕН РЕГИОН
ЕДНА ЕКОНОМИЈА
Актуелно / Стопанска комора на Македонија
   
Од компаниите
13.02.2019 👁 Прочитано: 1680

ЕВН полигон за тренинг на млади електро монтери и електро техничари


ЕВН ја почна изградбата на полигонот за тренинг на млади електро монтери и електричари во елктротехничкото училиште „Михајло Пупин“ во Скопје . Со полигонот се комплетираат надгледните средства за учениците од ЕВН паралелката оформена преку проектот „20-20-20“. Со работа на полигонот и ЕВН кабинетот младите добиваат можност да се едуцираат, одржуваат практикантска работа и обучуваат според европските стандарди. Сите компоненти на полигонот и сите алати и енергетски делови во кабинетот се исти како тие што ги користат вработените во ЕВН Македонија при секојдневната работа на терен. На почетокот на градежните активности на полигонот присуствуваа и претставници на минстерствата за труд и социјална политика, образование, локалната самоуправа, професори и учениците од ЕВН паралелките.

Учениците од ЕВН паралелката во СЕТУ „Михајло Пупин“ ќе се стекнат со знаење кое ќе им користи во животот порача г-дин Штефан Петер, Претседател на Управниот Одбор на ЕВН Македонија. „Нашиот систем се состои од три чекори. Во првиот, учениците треба во кабинетите да ја научат теоријата и да научат за безбедноста при работа. Во вториот чекор тие наученото ќе го користат во пракса, затоа и го градиме овој тренинг полигон. Во последниот дел учениците ќе работат на терен да ја почуствуваат вистинската работа заедно со нашите искусни електро монтери“ истакна Петер. По завршувањето на образованието учениците ќе имаат можност да се вработат во ЕВН или во некоја друга енергетска компанија и ќе добијат веднаш плата, а со тоа отвораме можност децата да ја градат својата иднина во својата земја. Ги охрабруваме и другите општини и училишта да го следат овој пример. Само еден проект не е доволен, потребно е сите да учествуваме во овој процес. Имаме многу деца што треба да ги задржиме тука“ изјави Петер.

Целосната информација можете да ја преземете тука.