ЕДЕН РЕГИОН
ЕДНА ЕКОНОМИЈА
Актуелно / Стопанска комора на Македонија
   
Актуелно
29.11.2018 👁 Прочитано: 975

РАБОТНА СРЕДБА НА МИНИСТЕРОТ ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО, ШУМАРСТВО И ВОДОСТОПАНСТВО НИКОЛОВСКИ СО БИЗНИС ЗАЕДНИЦАТА ВО КАВАДАРЦИ


Во организација на Регоналната комора Кавадарци при Стопанската комора на Република Македонија, на 28.11.2018 година во Кавадарци се одржа работна средба на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство во Владата на РМ, Љупчо Николовски со претставници на  бизнис заедницата од регионот. На средбата присуствуваа Николче Бабовски, директор на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој и Благој Индов, директор на Државниот инспекторат за земјоделство кои заедно со министерот дискутираа по прашањата од стопанствениците.

Кавадарци

Пред повеќе од триесетина компании, приозводители на винова лоза, вино, производители на овошје, компании од прехранбената индустрија, пчеларството, како и компании кои вршат откуп на овошје, министерот Николовски разговараше за лозарството, како клучна земјоделска дејност во регионот, за земјоделските задруги како и моделот за субвенционирање на земјоделството. Министерот Николовски ги образложи и Мерките за млади стопанства и Зелените мерки, ја истакна акредитацијата на нови мерки во делот на ИПАРД програмата како и техничката поддршка со користење на средства од ЕУ Проектите. Буџетод за ИПАРД програмата е зголемен за 2,5 пати во однос на минатите години. Во врска со субвенциите од страна на министерот беше истакнато дека има зголемување за  20% за сите развојни категории во земјоделството.

На поставено прашање за зелената нафта, министерот одговори дека оваа мерка се воведува прв пат во земјава и до сега ја немало во законите. Поради тоа  во наредните 2 години ќе се работи на мерката и постепено ќе се имплементира.

За развојот на земјоделските задруги, министерот напомена дека со нив се овозможува здружување на земјоделските производители, а со тоа би следеле и бројни економски придобивки.

Бабовски говореше за мерката 119, за зголемувањето на лозовите насади кои би се подигнале на места каде што претходно најмалку 5 години се одгледувале полјоделски култури, за што би се добивале дополнителни субвенции.

Кавадарци

Во присуство на претставниците од секторите на министерството се дискутираше и за Јапонскиот фонд, Националната стратегија за рурален развој, поддршка на продажбата и извозот на виното, како и промоција на македонските вина надвор од земјава како и  дигитализација на пасиштата, е нешто што се воведува за прв пат во земјава .

Регионалната комора со седиште во  Кавадарци при Стопанската комора на Македонија и во иднина ќе организира вакви  средби се’ со цел да се олесни решавањето на проблемите кои ги имаат стопанствениците се со цел за подобрување на бизнис-климата и подобри економски резултати од земјоделието.

Тања Мицева

РАБОТНА СРЕДБА НА МИНИСТЕРОТ ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО, ШУМАРСТВО И ВОДОСТОПАНСТВО НИКОЛОВСКИ СО БИЗНИС ЗАЕДНИЦАТА ВО КАВАДАРЦИ