ЕДЕН РЕГИОН
ЕДНА ЕКОНОМИЈА
Актуелно / Стопанска комора на Македонија
   
Актуелно
22.10.2018 👁 Прочитано: 576

АВТОХТОНИТЕ СОРТИ ВО ЗЕМЈОДЕЛСКОТО ПРОИЗВОДСТВО KAKO МОЖНОСТ ЗА НОВ И УСПЕШЕН БИЗНИС


Успешниот развој на македонското земјоделство и реализацијата на неговите општествени функции бара јасно формулирани стратешки цели на аграрната политика, комплексни мерки и дејствија за нивно остварување. Во стратешките приоритети за развој особено се важни двете компоненти:

• интегрирање на примарното производство во прехранбената индустрија и
• пораст на финални производи (производи со високо додадена вредност во прехранбената индустрија.

pres konferencija

Во таа насока особено е важно да се истакне дека, како можност  за подобар развој на земјоделството, потребен е акцент на значењето за зачувување и развој на методите на традиционално производство и традиционални домашни сорти.

Автохтоните сорти претставуваат стари сорти кои традиционално се одгледуваат на територијата на Република Македонија подолг временски период. Потребно е да се работи на заштита на домашните автохтони сорти, нивно сортирање и евидентирање во каталог. Во спротивно , истите може да исчезнат ако нема комерцијално производство, беше истакнато на прес-конференцијата на Стопанската комора на Македонија (22.10.2018 година).

Постои голем потенцијал да се произведува на наше поднебје, квалитетно, органско производство, а тоа е истовремено шанса за компаниите кои гледаат перспектива во еден ваков вид на производство. Со тоа, тие ќе бидат далеку поконкурентни на пазарите во Европа и со далеку повисока цена.

Поддршката е клучен фактор кој влијае на иновативните проекти во земјоделството. Истите претставуваат истовремено зачувување на националното обележје, па се` до комерцијален успех и развој на компаниите.

Промоцијата на домашните автохтони органски производи од наши, македонски сорти, ќе ги поттикне домашните потрошувачи да ги користат истите, а со тоа ќе придонесат во развојот на компаниите кои ги произведуваат. Ваквите компании треба да се поддржат и од институциите со што ќе се заокружи и заложбата на ФЗНХ - зачувување на домашните сорти за идните поколенија.

pres konferencija

„АДУТ ГВН“ е компанија која се занимава со конфекционирање  на најосновни додатоци во исхраната уште од почетокот на 2000 година, основана како семејна компанија со седиште во чиста рурална средина далеку од индустриските објекти.

Од компанија којашто во прво време се занимаваше само со конфекционирање на зрнести и прашкасти производи,  постепено прерасна во компанија којашто почна да инвестира во сопствено производство на зачини, прехранбени киселини, сушење и дехидрирање на овошје, зеленчук и зачини, како и сопствени насади на одредени неиндустриски житни култури, магданос, оригано, различни зачински пиперки, чили и друго. Сето тоа наметна и воспоставување на јаки и долготрајни партнерски односи со нивните добавувачи и купувачи.  Резултатот од ваквата соработка е поставувањето на највисоки стандарди за клиентите и секогаш подразбира коректен однос, сигурност во квалитетот на производот, достапност на производите од понудата на пазарот, како и постојано воведување на новитети и нови производи од нивниот бренд.

Од 2016 година компанијата станува и извозно ориентирана со што нивните производи им се веќе достапни и на купувачите во соседна Бугарија, Албанија и Косово. Со отворањето на пазарите во нашите соседни држави се појави и потребата од зголемување на количините на суровинскиот дел, со што менаџментот на компанијата во почетокот од 2016 година донесе одлука за купување на сопствено земјиште и засадување на сопствени насади со зачинска пиперка, магданос и оригано. Тоа е воедно и прва компанија во Македонија која има свои насади на чили.

Денес „Адут ГВН“ е компанија која во својата палета на производи има 140 производи кои се произведуваат по ХАСАП-стандардот, располага со сопствен простор од 600 м2, сопствен возен парк, како и развиена дистрибутивна мрежа на целокупната територија на Република Македонија. Без разлика на сите предизвици на кои наидува компанијата, менаџментот и понатаму вложува и ќе вложува во истражување и развој на сопствените производи што всушност претставува и нивна примарна цел.

Васко Ристовски

АВТОХТОНИТЕ СОРТИ  ВО ЗЕМЈОДЕЛСКОТО ПРОИЗВОДСТВО KAKO МОЖНОСТ ЗА НОВ И УСПЕШЕН БИЗНИС