ЈАСНО ДЕФИНИРАЊЕ НА ЗАКОНСКАТА РЕГУЛАТИВА И НАМАЛУВАЊЕ НА АДМИНИСТРАЦИЈАТА

   

➤ Актуелно (18.10.2018)
👁 Прочитано: 1353


ЈАСНО ДЕФИНИРАЊЕ НА ЗАКОНСКАТА РЕГУЛАТИВА И НАМАЛУВАЊЕ НА АДМИНИСТРАЦИЈАТА

На 17.10.2018 година се одржа седница на Групацијата за оружје, опасни и експлозивни материи, пиротехнички средства и опрема за воена и цивилна намена, на којашто беа разгледани проблемите во тековното работење во малопродажбата на оружје и муниција. На седницата се разгледуваа прашања поврзани со проблемите во тековното работење во малопродажбата на оружје и муниција и состојбите поврзани со постапките за доделување договори за јавни набавки за потребите на министерствата.

За проблемите во тековното работење во малопродажбата на оружје и муниција, членовите на Групацијата констатираа дека во постапките за увоз и внатрешен промет, од компаниите се бараат многу документи и пополнување на многу формулари, со многу податоци при секоја одделна постапка и со критериуми (за видот и бројот на документите, за количините и др.), кои не се јасно дефинирани во законската регулатива, а се различно толкувани од административните лица при контролите (во праксата, на штета на компаниите).

Mchamber

Групацијата донесе заклучок да се предложи измена на законската регулатива во оваа област, членовите на Групацијата активно да бидат вклучени во работните групи во министерствата кои ќе работат на законските измени. Ставот на Групацијата е: намалување на администрирање, дозволи и документација, измена на критериуми (број на муниција, оружје, услови за чување, време на достава на извештаи) во корист на компаниите.
 
Групацијата расправаше и за состојбите од областа на оружјето поврзани со постапките за доделување на договорите за јавни набавки за потребите на Министерството за внатрешни работи на РМ. Присутните членови на Групацијата усвоија Заклучок да се достави Барање за одржување работна средба на Групацијата за оружје, опасни и експлозивни материи, пиротехнички средства и опрема за воена и цивилна намена со претставници од министерствата со цел дискутирање на посочените прашања, во насока на обезбедување непречено учество на фирмите и успешна реализација на постапките за доделување договори за јавна набавка.

Во таа насока, членките на Групацијата оценија дека е потребно итно да се организира средба со претставници на министерствата на која ќе бидат разгледани определени прашања поврзани со реализацијата на постапките за доделување  договори за јавни набавки за потребите на министерствата, од причина што во практиката според компаниите сė уште се случува да има: кратки рокови за доставување на квалитетни понуди имајќи ја предвид обемноста на тендерската документација, висок степен на класифицираност на тендерите, бавна реализација на постапките и нивно одложување поради потребата за дополнување на технички податоци, а потоа и определување нови рокови за доставување повторни понуди и др.

Mchamber

Присутните истакнаа дека има придвижување на работите во однос на полагањето на испитите за ловци, кои беа и едни од заложбите на Групацијата во изминатиот период, но дека сė уште постојат проблеми во однос на дозволите кои ги издава Министерството за економија.

Лазо Ангелевски