ЕДЕН РЕГИОН
ЕДНА ЕКОНОМИЈА
Актуелно / Стопанска комора на Македонија
   
Актуелно
16.10.2018 👁 Прочитано: 381

ПОДЗАКОНСКА РЕГУЛАТИВА ОД ЕНЕРГЕТСКИОТ СЕКТОР НА ЈАВНА РАСПРАВА ВО СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА


Со донесувањето и стапувањето на сила на новиот Закон за енергетика, следи период на изготвување на подзаконски акти поврзани со истиот. Во делот на електрична енергија ќе треба да се донесат повеќе подзаконски акти, меѓу кои  и три правилници кои денес беа на јавна расправа во Стопанската комора на Македонија, организирана од Министерството за економија.

• Согласно член 201, став 1 од Законот за енергетика, министерот за економија треба да донесе правилник за контрола на квалитетот на  електрична енергија, испорачана до потрошувачите преку електропреносниот систем или електродистрибутивните системи.

• Според член 195, став 3 од Законот за енергетика, министерот донесува технички прописи за проектирање, изградба, ставање во употреба, функционирање и одржување на енергетски објекти, уреди и инсталации. Како дел  од овој сет на подзаконски акти се Нацрт-правилник за технички нормативи за заштита на нисконапонските мрежи и припаѓачките трансформаторски станици, како и Нацрт-правилник за изградба на надземни водови со номинален напон од 1 кВ до 400 кВ.

Нацрт-правилникот за контрола на квалитетот на електричната енергија го изготви Секторот за енергетика во соработка со консултантскиот тим на УСАИД, додека Нацрт-правилникот за технички нормативи за заштита на нисконапонските мрежи и припаѓачките трансформаторски станици го изработи Министерството за економија  со помош на  претставници на ФЕИТ. Нацрт-правилникот за изградба на надземни водови со номинален напон од 1 кВ до 400 кВ е изработен со помош на „ЕВН“, „МЕПСО“, „ЕЛЕМ“ и „ГЕИНГ“.

GligorCvetanov

Нацрт-текстот на трите правилници е објавен на веб-страната на Министерството за економија www.economy.gov.mk , каде што истиот може да се преземе.

Сите заинтересирани, забелешките и коментарите по предлог-правилниците ќе можат да ги испратат најдоцна до 26.10.2018 година, на e-адреса: elena.velinova@economy.gov.mk .
 
Перо Авакумовски

ПОДЗАКОНСКА РЕГУЛАТИВА ОД ЕНЕРГЕТСКИОТ СЕКТОР НА ЈАВНА РАСПРАВА ВО СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА