ЕДЕН РЕГИОН
ЕДНА ЕКОНОМИЈА
Актуелно / Стопанска комора на Македонија
   
Актуелно
26.08.2018 👁 Прочитано: 327

СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА И НАД ДВАЕСЕТИНА МАКЕДОНСКИ КОМПАНИИ УЧЕСТВУВААТ НА 56. МЕЃУНАРОДЕН САЕМ ЗА ЗЕМЈОДЕЛИЕ И ХРАНА „АГРА“, ШТО СЕ ОДРЖУВА ВО ГОРНА РАДГОНА, СЛОВЕНИЈА


Стопанската комора на Македонија и над дваесетина македонски компании учествуваат на 56. Меѓународен саем за земјоделие и храна „АГРА“, што се одржува во Горна Радгона, Словенија. На заедничкиот македонски штанд, организиран од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Македонија, учествуваат и Агенцијата за поддршка на странски инвестиции и Агенцијата за туризам на Република Македонија.

Штандот со македонски производи го посетија многубројни посетители, граѓани, стопанственици од Словенија и од Европа, а за одбележување е посетата на Дејан Жидан, претседател на Собранието на Република Словенија и Љупчо Николовски, министер за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Македонија.

Стопанската комора на Македонија ја претстави својата организациона структура, регионалната поставеност и здруженијата од сите стопански области. Посебно беа презентирани капацитетите и можностите на македонските компании од областа на земјоделството, како тематско претставување на Саемот „АГРА“. Забележителен беше големиот  интерес за штандот на македонските винарници, кои ги презентираа своите вина со врвен квалитет, потоа македонските компании од прехранбената индустрија кои покажаа вкусни и квалитетни производи што се` повеќе се пласираат на меѓународниот пазар. Мошне богата беше понудата на македонските производители на органски производи, со високи меѓународни стандарди и одличен квалитет, веднаш препознаен од посетителите, дегустаторите и стопанствениците од другите држави.

Стопанската комора на Македонија и петнаесетина македонски компании веќе се пријавија за деловните средби, што ќе се одржат на 28 август 2018 година, во организација на ЕЕН-Проектот. На средбите ќе учествуваат и сите компании - учесници на Саемот од Словенија, Европа и од целиот свет. Тоа ќе биде одлична можност за воспоставување нови контакти, меѓународна соработка и зголемен извоз. Стопанската комора на Македонија ги претставува и другите македонски компании кои не се директни учесници на Саемот, а пројавија интерес и барање за нивно презентирање.

Лазо Ангелевски

СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА И НАД ДВАЕСЕТИНА МАКЕДОНСКИ КОМПАНИИ УЧЕСТВУВААТ НА 56. МЕЃУНАРОДЕН САЕМ ЗА ЗЕМЈОДЕЛИЕ И ХРАНА „АГРА“, ШТО СЕ ОДРЖУВА ВО ГОРНА РАДГОНА, СЛОВЕНИЈА