1030 д. 100 ГОДИШЕН ЈУБИЛЕЈ
Еден регион - Една економија
Актуелно / Стопанска комора на Македонија
   
Актуелно
05.07.2018 👁 Прочитано: 155

ЈАВЕН ОГЛАС ЗА НАБАВКА НА 13.000 ТОНИ ДОМАШНА ПЕЧНИЦА ЗА СТОКОВИ РЕЗЕРВИ. ЌЕ ТРАЕ ДО 15-ТИ АВГУСТ


До 15 ти август е отворен јавниот оглас на Агенцијата за стокови резерви за набавка на домашна меркантилна за потребите на стоковите резерви. Јавниот оглас се објави пред два дена. Со огласот е предвидено откуп на вкупно 13.000 тони домашна пченица. Конкретно распишани се 10 лота по 100 тони и 3 лота по 4.000 тони пченица. По завршувањето јавниот оглас, мелничарите ќе можат да ја понудат откупената пченица од домашните производители на Агенцијата за стокови резерви. 

Оваа мерка која што произлезе како предлог од досегашните одржани состоноци пред почетокот на жетвата со земјоделците и мелничарите, ќе придонесе за зголемување на откупот на домашна пченица, како и за постигнување повисока откупна цена, објавува Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Паралелно, министерството ги разгледува опциите за можни интеврентни измени на Програмата за директни плаќања 2018, во скалестиот начин на субвенции за полјоделските култури, а пред се за пченицата.  

Жетвата на пченицата започна деновиве, а екипите од министерството како што инофрмираат ги следат приносите и квалитетот, врз основа на што деновиве ќе биде објавена производната цена на годинешната пченица. МЗШВ ќе ја исполни оваа обрска не само за пченицата туку и за останатите земјоделски култури. Откупната цена на јачменот достигна 9 денари за килограм јачмен.

Министерство за земјоделство, водостопанство и шумарство

ЈАВЕН ОГЛАС ЗА НАБАВКА НА 13.000 ТОНИ ДОМАШНА ПЕЧНИЦА ЗА СТОКОВИ РЕЗЕРВИ. ЌЕ ТРАЕ ДО 15-ТИ АВГУСТ