ЕДЕН РЕГИОН
ЕДНА ЕКОНОМИЈА
Актуелно / Стопанска комора на Македонија
   
Актуелно
27.02.2018 👁 Прочитано: 954

РАБОТЕН СОСТАНОК НА ЗДРУЖЕНИЕТО НА ЕНЕРГЕТИКАТА


Тргнувајќи од интересите на фирмите - членки, Здружението на енергетиката при Стопанската комора на Македонија, во врска со активностите околу донесувањето на новиот закон за енергетика, одржа работен состанок на којшто се дискутираше околу можноста за делување при носењето на подзаконската регулатива. Членките на Здружението на енергетиката искажаа спремност за проактивно делување при носењето на подзаконската регулатива, со тоа што ќе ги истакнат проблемите со кои се среќаваат во нивното секојдневно работење, а се поврзани со постојните подзаконски акти. Целта на ваквото проактивно делување е да се помогне на експертската група која е задолжена за изготвување на подзаконската регулатива, да изготви правилници со кои ќе се олесни примената на  новиот закон за енергетика.

 

Сите предлози и забелешки, кои фирмите ќе ги достават до Здружението на енергетиката, ќе се разгледуваат на седница на Здружението, која ќе се одржи при крај на месец март или почетокот на април годинава.  

Перо Авакумовски

РАБОТЕН СОСТАНОК НА ЗДРУЖЕНИЕТО НА ЕНЕРГЕТИКАТА