ИНФО СРЕДБА ВО ВЕЛЕС „ШАНСА ЗА СИТЕ“ - ПРЕЗЕНТИРАН ОПЕРАТИВНИОТ ПЛАН ЗА АКТИВНИ МЕРКИ И ПРОГРАМИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

   

➤ Актуелно (23.11.2017)
👁 Прочитано: 459


ИНФО СРЕДБА ВО ВЕЛЕС „ШАНСА ЗА СИТЕ“ - ПРЕЗЕНТИРАН ОПЕРАТИВНИОТ ПЛАН ЗА АКТИВНИ МЕРКИ И ПРОГРАМИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

Во организација на Регионалната комора со седиште во Велес, во соработка со Министерството за труд и социјална политика на РМ, Агенцијата за вработување на РМ, со поддршка на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), на 22.11.2017 година, во Велес се одржа Инфо средба за промоција на Програмата „Шанса за сите“, во рамките на Оперативниот план за активни мерки и програми за вработување во 2017 година.

 

Станува збор за финансиска поддршка за отворање нови работни места преку мерките и програмите дизајнирани за бизнис секторот, насочена кон претпријатијата кои можат да добијат до 615.000 денари неповратна помош.  Мерката беше презентирана пред бизнис заедницата и граѓанскиот сектор од регионот на Велес, на која присуствуваа околу 35 претставници.

Претставниците од УНДП, Дамјан Митев и Снежана Дамјановска, посочија дека имплементацијата на Оперативната програма содржи најразлични активни мерки, вклучувајќи субвенционирано вработување и други различни обуки за микро, мали и средни претпријатија. Таа нагласи дека Оперативната програма нуди најразлични мерки за вработување, услуги за невработени лица и програми за усовршување и затоа треба да се искористи оваа поволност и можност. Исто така, тие истакнаа дека намалувањето на високата стапка на невработеност во земјата е огромен предизвик и главен приоритет. Одржливиот развој на земјата зависи од успехот во создавање  нови работни места и развој на вештини меѓу невработените кои се совпаѓаат со потребите на пазарот на трудот. Оваа програма е развиена и имплементирана од страна на Владата на РМ и УНДП. Таа стана суштински дел од стратегијата за вработување на земјата и е една од активните мерки на пазарот на трудот на националниот Оперативен план за вработување. Овие мерки се дизајнирани да промовираат паметен, одржлив и социјално инклузивен раст.

Ирена Жарова