ЕДЕН РЕГИОН
ЕДНА ЕКОНОМИЈА
Актуелно / Стопанска комора на Македонија
   
Актуелно
10.05.2017 👁 Прочитано: 538

Групација на агрегати, бетони и асфалти – средба со концесионерите на агрегат од охридскиот и струшкиот регион - КОНЦЕСИОНЕРИТЕ СЕ ЗАЛАГААТ ДА СЕ ЕЛИМИНИРА НЕЛОЈАЛНАТА КОНКУРЕНЦИЈА СО ПОГОЛЕМА ИНСПЕКЦИСКА КОНТРОЛА


Групацијата на агрегати, бетони и асфалти при Стопанската комора на Македонија продолжи со реализација на заклучокот од Здружението на градежништвото, индустријата на градежни материјали и неметалите за одржување состаноци со концесионери на агрегати, по региони во земјата и презентирање на новините од Законот за градежни производи.

 

За таа цел, на 9.5.2017 година во Струга, во присуство на голем број заинтересирани концесионери, беше одржан состанок при што беше направена презентацијата: „Концепт на контрола на градежните производи согласно Законот за градежни производи и националните (европски) стандарди“, подготвена од страна на претставници од „ГЕИНГ“- Скопје, Градежниот институт „Македонија“ (ГИМ) - Скопје и Заводот за испитување на материјалите (ЗИМ) - Скопје, а ја презентираше Марјана Топаловска Ангелевска од „ГЕИНГ“ - Скопје.

Посебен акцент беше даден на обврските на производителот на градежниот производ согласно Законот за градежни производи, така што производителот за да може да издаде своја Изјава за својства, треба да има и Сертификат за сообразност на Фабричка контрола на производството (ФКП), издаден од страна телата за сертификација. Со тоа се создадени услови производот да се пласира на пазарот.

По обемната дискусија беа поставени повеќе прашања околу самиот процес на контрола на квалитетот каде што беше потенцирано дека самиот производител мора да го контролира квалитетот на агрегатот било во сопствена и/или во друга акредитирана лабораторија и со овој модел се заменуваат досегашните атести кои произлегуваат од минатите мкд-стандарди.

Голем дел од концесионерите имаат искуство во своето работење, така што со помош на акредитирани лаборатории и телата за сертификација, постепено ќе ги применуваат европските стандарди, со што ќе се создадат услови за елиминирање на нелојалната конкуренција.

На состанокот, посебно беше потенцирано дека одредени фирми кои имаат добиено дозвола за користење на „позајмишта“ на агрегат кој треба исклучиво да се користи како насип, а не да се пласираат на градежниот пазар. Оваа појава создава нелојална конкуренција на каменоломите, од причина што за овој агрегат прво не се добива концесија како и за другите концесионери, се избегнува плаќање на давачки, а од друга страна, има и негативно влијание врз заштитата на животната средина.     

На крајот на состанокот се заклучи презентацијата да се достави до сите присутни, а дополнителните прашања и предлози околу законската регулатива за концесионерството, добивањето на концесии за агрегати и добивањето на дозволи за користење на „позајмишта“, да бидат дополнително разгледувани во присуство на претставници на министерствата за економија и за екологија.

Игор Тасевски

Групација на агрегати, бетони и асфалти – средба со концесионерите на агрегат од охридскиот и струшкиот регион - КОНЦЕСИОНЕРИТЕ СЕ ЗАЛАГААТ ДА СЕ ЕЛИМИНИРА НЕЛОЈАЛНАТА КОНКУРЕНЦИЈА СО ПОГОЛЕМА ИНСПЕКЦИСКА КОНТРОЛА