ЕДЕН РЕГИОН
ЕДНА ЕКОНОМИЈА
Актуелно / Стопанска комора на Македонија
   
Актуелно
27.04.2017 👁 Прочитано: 556

Групација на агрегати, бетони и асфалти - КОНЦЕСИОНЕРИТЕ НА АГРЕГАТ СЕ ЗАЛАГААТ ЗА ПРИМЕНА НА ЗАКОНСКИТЕ ОДРЕДБИ ЗА КВАЛИТЕТЕН ПРОИЗВОД


Согласно заклучокот на Здружението на градежништвото, индустријата на градежни материјали и неметалите на одржаниот состанок (5.4.2017 година), новините од Законот за градежни производи, кои воведуваат промени во начинот на контролата на производството кај градежните производи, на начин што се дава многу поголема одговорност на производителот на градежен производ во поглед на контролата на квалитетот и одржување на постојаност на својствата на градежниот производ, да се разговара по региони во државата, така што 26.4.2017 годиан се одржа состанок со концесионери од Струмица, Радовиш, Валандово и Гевгелија.

Во присуство на голем број заинтересирани концесионери, презентацијата насловена „Концепт на контрола на градежните производи согласно Законот за градежни производи и националниет (европски) стандарди“, подготвена од старна ан пресатвници на ГЕИНГ,  ГИМ и ЗИМ ја направи Марјана Топаловска Ангелевска од ГЕИНГ – Скопје.

На состанокот, во обемната дискусија беа поставени повеќе прашања околу самиот процес на контрола на квалитетот, односно беше потенцирано дека одговорноста е на самиот производител, кој треба сам да го контролира континуирано квалитетот на агрегатот, било со сопствена лабораторија или да ангажираат акредитирана лабораторија.

Концесионерите можат, но и не мораат да имаат сопствена лабораторија, меѓутоа се препорачува истата да се поседува, од причина што опремата треба да биде калибрирана и со неа треба да раководи стручно техничко лице, кое ќе биде компетентно.

Надзор на производството и ФКП (фабричка контрола на производство) се спроведува 1 до 2 пати годишно – Тело за сертификација, при што се проверуваат:
- Постапките на производство, мострирање и испитување,
- Проверка на резултатите од испитување на производителот согласно Планот за ФКП, фреквенцијата на испитување и резултатите од добиените испитувања дали се во согласност со техничката спецификација и почетното испитување на типот,
- Одржување на производната опрема,
- Опремата за испитување (нејзиното одржување, преглед и калибрација),
- Складирање/депонирање на составните материјали.

Производителот на градежниот производ согласно Законот ќе може да издаде своја Изјава за својства, врз основа на добиениот Сертификат за сообразност на ФКП, издаден од страна Телото за сертификација. Со тоа се создадени услови производот да се пласира на пазарот.

Од страна на г-ѓа Елена Маневска од Државниот пазарен иснспекторат, беше потенцирано, дека согласно Законот, пазарна инспекција од средина на мај, ќе треба и мора да прави контроли и кај концесионерите, односно производителите, меѓутоа на почеток, доколку се увидат неправилности или недостатоци во самиот процес на контролата на производството, ќе се изречуваат мерки, во кои ќе биде даден рок за нивно отстранување. 

За квалитетен производ, а на крај квалитетен градежен објект, сите присутни се сложија, при што беше потенцирано дека голем дел од концесионерите веќе имаат искуство во своето работење, но со помош на акредитеирани лаборатории и Телата за сертификација постепено ќе бидат усвоени сите стандарди, со што ќе се елиминира и нелојалната конкуренција. Исто така, доколку во иднина, производителот нема да поседува изјава за својства, нема да може да учествува на тендери.

На крај се заклучи презентацијата да се достави до сите присутни, а доколу имаат потреба од дополнителни информации можат да се обратат до Комората, до ИСРМ, но и до фирмите кои имаат Решение за тело за цертификација за оцена и потврда на постојаност на својствата на градежните производи, а тоа се ГЕИНГ – Скопје и Скопје и ГИМ - Скопје, додека ЗИМ - Скопје е во постапка на добивање.

Марија Петроска

Групација на агрегати, бетони и асфалти - КОНЦЕСИОНЕРИТЕ НА АГРЕГАТ СЕ ЗАЛАГААТ ЗА ПРИМЕНА НА ЗАКОНСКИТЕ ОДРЕДБИ ЗА КВАЛИТЕТЕН ПРОИЗВОД