ОДРЖАН СЕМИНАР ЗА УТВРДУВАЊЕ И НАПЛАТА НА ЛОКАЛНИТЕ ДАНОЦИ, ТАКСИ И ДРУГИ НАДОМЕСТОЦИ СОГЛАСНО ЗАКОНОТ ЗА ДАНОЦИТЕ НА ИМОТ

   

АКТУЕЛНО / 02.03.2017
👁 Прочитано: 399


ОДРЖАН СЕМИНАР ЗА УТВРДУВАЊЕ И НАПЛАТА НА ЛОКАЛНИТЕ ДАНОЦИ, ТАКСИ И ДРУГИ НАДОМЕСТОЦИ СОГЛАСНО ЗАКОНОТ ЗА ДАНОЦИТЕ НА ИМОТ

Во серијата на семинари организирани од Стопанската комора на Македонија, на 2.3.2017 година во Регионалната комора со седиште во Велес  се одржа семинарот на тема: „Утврдување и наплата на локалните даноци, такси и други надоместоци согласно Законот за даноците на имот“.

На семинарот беше постигната целта за запознавање на присутните со утврдувањето и наплатата на локалните даноци, такси и други надоместоци согласно Законот за даноците на имот.

Свое поздравно обраќање имаше м-р Анета Трајковска, директор во Стопанска комора на Македонија. Таа пред присутните истакна дека  од големо значење се ваквите семинари, најави и идни вакви и слични советувања за  компаниите.

Предавачите Ивана Каранфилска, дипломиран правник и Александар Георгиевски, магистер по економски науки, пред присутните зборуваа за: администрирање на данок на промет на недвижности, администрирање на данок на наследство и подарок, јавни приходи,  фискалните приходи како основен извор на приходи во единиците за локалната самоуправа, локални даноци, утврдување и наплата на локалните даноци и присилна наплата на даноците / таксите.

Дваесеттина претставници од регионот на Велес земаа учество на семинарот, кој беше наменет особено за директори, односно раководители на финансиско-сметководствени сектори, вработени во компаниите задолжени за финансиско работење, како и за претставници од општините. Општата оценка на присутните за семинарот беше позитивна, кои воедно изразија интерес за слични вакви семинари кои би ги организирале Стопанската комора на Македонија и Регионалната комора со седиште во Велес.

Ирена Жарова