ЕДЕН РЕГИОН
ЕДНА ЕКОНОМИЈА
Актуелно / Стопанска комора на Македонија
   
Актуелно
28.11.2016 👁 Прочитано: 635

Регионална комора со седиште во Кавадарци - РАБОТНА СРЕДБА НА БИЗНИС СЕКТОРОТ ОД РЕГИОНОТ


На 25 ноември 2016 година во хотелот „Фени“ во Кавадарци, претседателот на Регионалната комора со седиште во Кавадарци м-р Митко Јанчев и министерот за финансии во Владата на Република Македонија м-р Кирил Миноски одржаа работна средба со претставниците на бизнис секторот од регионот. На работната средба присуствуваше и градоначалникот на Општина Кавадарци, Александар Панов.

На средбата на која учествуваа над триесетина претставници на компании, свои излагања имаа претседателот на Регионалната комора со седиште во Кавадарци и министерот за финансии.

Министерот за финансии м-р Миноски ги истакна идните проекти на Владата, кои би им помогнале на стопанствениците, како што се: политиката на рамен данок, активните мерки за подобрување на пазарот на труд, формирање на посебен вид на фондови, низа мерки и даночни олеснувања во делот на иновациите, поволности за изградба на биогасни централи, проектот „Рурални развојни зони“, стручното образование, значењето на деловното опкружување и др.

Министерот Миноски истакна дека од големо значење се и домашните компании како инвеститори.

На работната средба активно учество зедоа и присутните претставници на компаниите, искажувајќи ги своите барања, предлози и проблеми со кои се соочуваат во тековното работење.

Тања Мицева

Регионална комора со седиште во Кавадарци - РАБОТНА СРЕДБА НА БИЗНИС СЕКТОРОТ ОД РЕГИОНОТ