ЕДЕН РЕГИОН
ЕДНА ЕКОНОМИЈА
Актуелно / Стопанска комора на Македонија
   
Актуелно
25.11.2016 👁 Прочитано: 532

Регионална комора со седиште во Кавадарци - ПРОГРАМА ЗА ПРЕКУГРАНИЧНА СОРАБОТКА 2007-2013 ГОДИНА НА ЕВРОПСКАТА УНИЈА


Регионалната комора со седиште во Кавадарци на 24.11.2016 година,  присуствуваше  на  работилница во Едеса, Р. Грција, која е дел од Проектот „Бизнис информативен, иновативен центар и МИЦЕ акции“, финансиран од Програмата за прекугранична соработка 2007-2013 година на Европската унија.

Партнери на овој проект се Општина Кавадарци и Општина Едеса.

На работилницата учествуваа околу 15 компании од Општина Кавадарци, кои ги промовираа своите производи, а најмногу винопроизводители – винарниците „Тиквеш,“, „Пеца-Комерц“, „Попов“, „Наумов“, како и производители на мед од регионот и др.

На работилницата беше разговарано за подобрување на бизнис климата во регионот, за развој на руралниот туризам и приближување на економската соработка помеѓу двете општини. Исто така, се истакна и иницијативата за формирање кластер за развој на туризмот во регионот.

Присутните имаа можност да проследат предавања на теми и искуства од кластерското здружување. На крајот, беа потенцирани придобивките од кластерското здружување на бизнис секторот, пред се` за малите и средни претпријатија.

На изложбата којашто се одржа во Салата на уметноста компаниите се претставија со своите производи и остварија бизнис средби, а беше организирана и дегустација на вино.

Тања Мицева

Регионална комора со седиште во Кавадарци - ПРОГРАМА ЗА ПРЕКУГРАНИЧНА СОРАБОТКА 2007-2013 ГОДИНА НА ЕВРОПСКАТА УНИЈА