ЕДЕН РЕГИОН
ЕДНА ЕКОНОМИЈА
Актуелно / Стопанска комора на Македонија
   
Актуелно
18.10.2016 👁 Прочитано: 556

ЕКОНОМСКАТА СОСТОЈБА И НОВИТЕ ЗАКОНСКИ ИЗМЕНИ ПРЕЗЕНТИРАНИ ПРЕД СТОПАНСТВЕНИЦИТЕ од Регионалната комора со седиште во Кавадарци


Седницата ја отвори и со неа раководеше претседателот на Регионалната комора со седиште во Кавадарци, Митко Јанчев.

Пред присутните членки на Стопанската комора на Македонија од подрачјето на Регионалната комора со седиште во Кавадарци,  Билјана Пеева-Ѓуриќ, директор на Дирекцијата на здруженија според дејности при Комората, ја презентираше Информацијата за  потенцијалите, можностите и ограничувачките фактори за преструктуирање на македонското стопанство, осврнувајќи се на најзначајните економски индикатори кои ја отсликуваат економската структура на земјата - БДП, надворешно-трговската размена, конкурентноста, можностите приватниот сектор да создава нови работни места и да биде позначаен двигател на стопанскиот развој преку инвестиции во човечкиот потенцијал, инвестирање во иновации, технолошки развој и основни средства.

Љупка Илиевска-Самарџиска, виш советник во Стопанската комора на Македонија, ги информираше присутните за најновите прописи од значење за бизнисот. Во својата презентација  таа ги опфати предложените измени и дополнувања на Законот за банки, потоа новите решенија на Закон за изменување  и дополнување на Законот за виното, Законот за изменување на Законот за продажба и давање под закуп на деловни згради и деловни простопии на Република Македонија, Законот за изменување на Законот за нотаријатот, Законот за изменување на Законот за извршување, Законот за изменување и дополнување на Законот за просторно и урбанистичко планирање и на поважните подзаконски акти кои се донесени во изминатите неколку месеци.

По презентациите, присутните активно се вклучија во дискусиите, со свои предлози и согледувања преку призмата на актуелните состојби во своето работење.

Тања Мицева

ЕКОНОМСКАТА СОСТОЈБА И НОВИТЕ ЗАКОНСКИ ИЗМЕНИ ПРЕЗЕНТИРАНИ ПРЕД СТОПАНСТВЕНИЦИТЕ од Регионалната комора со седиште во Кавадарци