Регионалната комора со седиште во Велес - ОДРЖАНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА ТЕМА: ИМОТНО ОСИГУРУВАЊЕ - ПОТРЕБА И РИЗИЦИ

   

АКТУЕЛНО / 12.10.2016
👁 Прочитано: 376


Регионалната комора со седиште во Велес - ОДРЖАНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА ТЕМА: ИМОТНО ОСИГУРУВАЊЕ - ПОТРЕБА И РИЗИЦИ

На 12 октомври 2016 година во просториите на Регионалната комора со седиште во Велес се одржа презентација на тема: „Имотно осигурување - потреба и ризици“ на којашто присуствуваа петнаесетина претставници од компаниите од овој регион.

Присутните се запознаа со основните карактеристики на осигурувањето, односно со поделбата и функциите и елементите на осигурувањето, и кој се` може да биде субјект на осигурувањето. Исто така, беше објаснето и осигурувањето како облик на управување со ризик, првенствено насочен кон намалување на финансиските загуби на компаниите и нивните права.

Компаниите беа запознаени и со потребата за осигуривање, ризиците, начинот на осигурување, видот, продуктот и сл. Во презентацијата детално беа објаснети постапка на увид, проценка, пресметување и исплаќање на штети настанати како последица од несреќен случај и др.

Ирена Жарова