ЕДЕН РЕГИОН
ЕДНА ЕКОНОМИЈА
Актуелно / Стопанска комора на Македонија
   
Актуелно
03.06.2016 👁 Прочитано: 532

Семинар за компаниите-членки од Регионалната комора со седиште во Кавадарци - ЗАПОЗНАВАЊЕ СО НОВИТЕ ЗАКОНИ И ЗАКОНСКИ ИЗМЕНИ


Во организација на Регионалната комора со седиште во Кавадарци при Стопанската комора на Македонија, на 02.06.2016 год., во деловните простории на ,,Кожувчанка’’ во Кавадарци, се одржа еднодневен семинар на тема: „Новиот Закон за општа управна постапка, најновите измени на Законот за финансиска дисциплина и обврските кои произлегуваат за компаниите од Закон за заштита на укажувачи’’.

Предавачи на семинарот беа д-р Костадин Дуковски, од консултанското друштвото ,,Некс Левел Консалтинг’’- Скопје, со соработниците м-р Лидија Јаќимовиќ и г-дин Јане Севдински.

 

Голем интерес кај присутните предизвикаа новите решенија на Законот за финансиска дисциплина со кои се прецизираат роковите за наплата во случаите кога е утврдено паричната обврска да се исполни на рати, за решенијата контролата од страна на надлежните институции да се врши по доставување на известување од суд, нотар односно извршител само за донесена правосилна судска пресуда односно правосилно решение, како и изменетите решенија на прекршочните одредби, односно решението доколку од страна на органите на надзор се утврди дека прекршокот на одредбите на законот е направен по прв пат од страна на субјектот на надзорот, надзорните органи да остават рок за отстранување на прекршокот.

Воедно, компаниите се интересираа и за начините на усогласување на  своето работење во однос на заштитеното пријавување и обезбедување на заштита на пријавувачите. согласно Законот за заштита на укажувачите и Правилникот за насоки за донесување на внатрешни акти за заштитено внатрешно пријавување во правното лице во приватниот сектор.

Мицева Тања
Ѓорѓиева Невенка

Семинар за компаниите-членки од Регионалната комора со седиште во Кавадарци - ЗАПОЗНАВАЊЕ СО НОВИТЕ ЗАКОНИ И ЗАКОНСКИ ИЗМЕНИ