1030 д. 100 ГОДИШЕН ЈУБИЛЕЈ
Еден регион - Една економија
Актуелно / Стопанска комора на Македонија
   
Актуелно
03.05.2016 👁 Прочитано: 145

Средба меѓу македонски и турски компании од областа на градежништвото - ЗАИНТЕРЕСИРАНОСТ ЗА ГРАДБА НА СТАНБЕНИ ОБЈЕКТИ И ЗА ПРОИЗВОДСТВО НА ГРАДЕЖНИ МАТЕРИЈАЛИ


Во Стопанската комора на Македонија, на 3.5.2016 година, се одржа средба меѓу претставници на Здружението на градежништвото, индустријата на градежни материјали и неметали и турски компании кои се членки на Асоцијацијата на изведувачи и бизнисмени Торбали (ТOMIAD) од Измир – Турција.

На почетокот, Марија Петроска од Комората, поздравувајќи ги присутните, истакна дека Република Македонија и Република Турција имаат потпишано повеќе поважни правни акти со кои се олеснува економската соработка. Во последните неколку години, Турција е осми трговски партнер на Република Македонија.

 

Во 2015 година трговската размена изнесуваше изнесува 392,8 милиони САД $. Извозот изнесува 73,4 милиона САД $, што претставува раст од 8,7%, додека увозното салдо изнесува 319,4 милиони САД $, или во вкупната надворешно-трговска размена на Република Македонија со Република Турција во 2015 година остварен е трговски дефицит од 246 милиони САД $.

Беше потенцирана и меѓукоморската и друга институционална соработка на Стопанската комора на Македонија со партнерските организации во Република Турција, при што се потпишани спогодби за соработка, како што се со: Унијата на коморите за трговија, индустрија, берзи и за поморска трговија (Union of Chamber of Commerce, Industry, Commodity Excanges and Maritime Chambers of Commerce – TOBB); Унијата на индустриските и трговски комори и берзи на Турција (ТОББ) во Анкара; Трговската комора на Истанбул; Балканскиот центар за трговска промоција (Balkan Center for Trade Promotion - BCTP); Асоцијацијата на извозниците од Бурса  и други.


                                                                                 
Турските компании се интересираа за условите за отпочнување бизнис во нашата земја, посебно во изведба на објекти, најчесто за станбени објекти, добивање локации, даноци и слично. Интерес беше искажан и за производството на градежни производи, видови на производи, количини, цени и друго. 

На средбата, компаниите поединечно се претставија, ги презентираа своите производни програми, но искажаа и интерес за соработка. Од нивна страна беше потенцирано дека имаат интерес за соработка, а оваа средба нека претставува почеток, кој може да се продлабочи и на средба во Измир.

Од страна на господин Озгун Унер, претседател на Асоцијацијата на изведувачи и  бизнисмени ТОМИАД (TOMIAD) од Измир и госпоѓа Марија Петроска, самостоен советник во Комората, во знак на благодарност и отпочнување на меѓусебна соработка, на средбата беа разменети подароци. 

Марија Петроска

Средба меѓу македонски и турски компании од областа на градежништвото - ЗАИНТЕРЕСИРАНОСТ ЗА ГРАДБА НА СТАНБЕНИ ОБЈЕКТИ И ЗА ПРОИЗВОДСТВО НА ГРАДЕЖНИ МАТЕРИЈАЛИ