Иновативни пристапи за подобрување и промоција на бизнис-секторот од Вардарскиот плански регион - ВО ФУНКЦИЈА НА ПОДДРШКА НА МИКРО, МАЛИТЕ И СРЕДНИТЕ БИЗНИСИ

   

➤ Актуелно (16.02.2016)
👁 Прочитано: 447


Иновативни пристапи за подобрување и промоција на бизнис-секторот од Вардарскиот плански регион - ВО ФУНКЦИЈА НА ПОДДРШКА НА МИКРО, МАЛИТЕ И СРЕДНИТЕ БИЗНИСИ

Центарот за развој на Вардарскиот плански регион и Бизнис центарот на Вардарскиот плански регион во соработка со Стопанската комора на Македонија - Регионална комора со седиште во Велес, организираа информативен настан:  „Иновативни пристапи за подобрување и промоција на бизнис-секторот од Вардарскиот плански регион (16.02.2016  година).

Овој настан,  што се одржа во Велес,   е дел од серијата активности  кои имаат за цел поддршка на микро, малите и средните претпријатија од регионот, како дел од Проектот „Проширување на функциите на центрите за развој на планските региони во насока на спроведување на активности/услуги за поддршка на приватниот сектор“, којшто финансиски е поддржан од Министерството за локална самоуправа на Република Македонија.

Катерина Кречева од Фондот за иновации и технолошки развој ги презентираше кофинансираните грантови за новоосновани трговски друштва „старт-ап“ и „спин-оф“.  Јадранка Аризанковска, експерт од Стопанската комора на Македонија ги посочи Европските фондови за конкурентност и иновативност на мали и средни компании преку програмите „Хоризонт 2020“, „КОСМЕ“ и МСП инструмент. Исто така, Софија Богева од Агенцијата за информациски инженеринг, ги информираше присутните за проектната активност за изработка на Регионална стратегија за иновации на Вардарскиот плански регион. Таа ги пренесе крајните резултати од спроведеното истражување, како и заклучните согледувања, односно капацитетите, потребите и потенцијалите за развој на иновации во Вардарскиот плански регион.  На настанот присуствуваа претставници од бизнис-секторот од Велес и од регионот, како и претставници од општините Велес, Чашка, Градско, Лозово и Демир Капија.

                                                                                         Ирена Жарова