Актуелно / Стопанска комора на Македонија
   
Актуелно
09.11.2015 👁 Прочитано: 874

Продлабочување на соработката на Регионалната комора со седиште во Кавадарци и локалната самоуправа - ПОТПИШАН МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА


      Со цел остварување на успешни проекти, градоначалникот на Општина Кавадарци,  Александар Панов и претседателот на Регионалната комора со седиште во Кавадарци, Митко Јанчев, потпишаа Меморандум за соработка (9.11.2015 година). Со овој меморандум ќе се подобри соработката меѓу Општината и Комората, со цел развивање на деловниот сектор.

     


М-р Митко Јанчев посочи дека делувањето на Регионалната комора со седиште во Кавадарци придонесува за подобрување на условите за работа и развој на компаниите   кои работат и опстојуваат во кавадаречкиот регион, а соработката ќе продолжи да се интензивира и со поддршка на  локалната самоуправа и со помош на сите релевантни институции во земјава и пошироко.

     


- Од голема важност е овие две институции да разменуваат искуства и да  учествуваат на проекти од заеднички интерес. Со Меморандумот се опфатени можностите за соработка на многу полиња и на клучни прашања од значење за бизнис-секторот. Целта за заедничко унапредување на работата и активностите за усогласување на посебните и заедничките интереси и прашања на локално и на регионално ниво беа само дел од взаемниот интерес за  потпишување на овој меморандум за соработка, - истакна градоначалникот Александар Панов.
                                                                                  Александра Велкова


 

Продлабочување на соработката на Регионалната комора со седиште во  Кавадарци и локалната самоуправа  - ПОТПИШАН МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА