ЕДЕН РЕГИОН
ЕДНА ЕКОНОМИЈА
Актуелно / Стопанска комора на Македонија
   
Актуелно
07.10.2015 👁 Прочитано: 549

Здружение на градежништвото, индустријата на градежни материјали и неметали - ПОДДРШКА НА ИНИЦИЈАТИВАТА ЗА ИМПЛЕМЕНТИРАЊЕ НА ЕВРОКОДОВИТЕ


На седницата на Управниот одбор на Здружението на градежништвото, индустријата на градежни материјали и неметали одржана на 6.10.2015 година, се расправаше по Информацијата за имплементирање на Еврокодовите во Република Македонија, добиена од Комората на овластени архитекти и овластени инженери на РМ, како и за покренување иницијатива за изменување и дополнување на  Законот за јавни набавки.

 

Во врска со Еврокодовите беше истакнато дека е потребно да почне постепено процесот на имплементација во почетокот во делот на проектирањето, а потоа и во изведбата. Досегашните одржани еднодневни советувања од страна на Комората на овластени архитекти и овластени инженери на РМ е само информативно, па затоа се потребни повеќедневни обуки на инженерите. Во обемната дискусија беше нагласено дека целиот процес на едукација треба да се врши од страна на експерти/професори кои активно работат на оваа проблематика. Исто така, беше истакнато дека во програмите на факултетите треба да се изучуваат Еврокодовите, а за веќе завршените инженери треба да има континуирана едукација.

Во реализација на едукативниот процес, неопходни се финансиски средства кои треба да бидат обезбедени од страна на Владата на РМ, како и од Комората на овластени архитекти и овластени инженери на РМ.

Заради поголем координираност и размена на информации за досегашни и наредни активности, се заклучи да се одржи средба со претставници на Здружението и претставници на Комората, со цел заеднички да се промовираат и реализираат активностите околу Еврокодовите.

На седницата беше истакнато дека треба да се покрене иницијатива за изменување и дополнување на повеќе членови од Законот за јавни набавки, а посебно за гаранциите за понуда во тендерска документација и други прашања кои и досега беа изнесувани и доставувани до Бирото за јавни набавки, а за нив немало позитивни одговори. 

На седницата се заклучи наредните седници да бидат тематски и на  првата наредна седница да се разгледаат одредбите од Законот за градежни производи.

Марија Петроска

Здружение на градежништвото, индустријата на градежни материјали и неметали - ПОДДРШКА НА  ИНИЦИЈАТИВАТА ЗА ИМПЛЕМЕНТИРАЊЕ НА ЕВРОКОДОВИТЕ