ЕДЕН РЕГИОН
ЕДНА ЕКОНОМИЈА
Актуелно / Стопанска комора на Македонија
   
Актуелно
24.09.2015 👁 Прочитано: 547

Заедничката акција на Регионалната коморa со седиште во Кавадарци и локалната самоуправа - ПАРИЧНА ПОМОШ ЗА САНИРАЊЕ НА ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД ПОЖАРОТ


       Четири семејства кои останаа без кров од гром во куќа во Кавадарци и истиот беше проширен во соседните куќи поради лошите временски услови - дожд и грмотевици , беше една од причините да се пружи помош и поддршка на овие семејства, на кои несебично им беа доделени материјални и финансиски средства од Регионалната комора со седиште во Кавадарци. Објектите беа посетени од министерот за труд и социјална политика Диме Спасов,  кој се заложи семејствата да добијат парична помош во вредност од 30 000 денари по фамилија, градоначалникот на Општина Кавадарци Александра Панов, кој со одлука на Советот на Град Кавадарци им додели материјални и парични средства во вредност од 490 000 денари, како и  од компании-членки на Регионалната комора со седиште во Кавадарци кои донираа: „Метал Апостолов“ 153 000 денари, „Кожувчанка“ 120 000 денари, „Градба Промет“ 60 000 денари, „Машинокоп“ 60 000 денари, ТП „Бадев“ 30 000 денари, „Слога Интернационал“ 30 000 денари и „Велком Трејд“  30 000 денари.

        

 

       Како резултат на заедничката акција на бизнис-заедницата и Општината, односно Регионалната  комора со седиште со Кавадарци и финансиската поддршка од Центарот за социјални работи и Министерството за труд и социјална политика се обезбедија околу 30.000 евра за целосна реконструкција на четирите куќи во кои што живеат шесте семејства. Последиците од пожарот се целосно санирани.

                                                                                             Александра Велкова

Заедничката акција на Регионалната коморa со седиште во Кавадарци  и  локалната самоуправа - ПАРИЧНА ПОМОШ ЗА САНИРАЊЕ НА ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД ПОЖАРОТ