ЕДЕН РЕГИОН
ЕДНА ЕКОНОМИЈА
Актуелно / Стопанска комора на Македонија
   
Актуелно
10.09.2015 👁 Прочитано: 317

ЧЛЕНКИТЕ НА МАКЕДОНСКАТА АСОЦИЈАЦИЈА НА РУДАРСТВОТО – МАР наскоро ќе потпишат Меморандум за соработка со Бугарската комора на рударство и геологија


Македонската асоцијација на рударството – МАР на седницата одржана на 10.09.2015 година ја поддржа иницијативата за потпишување на Меморандум за соработка помеѓу MАР и Бугарската комора на рударство и геологија.

Господинот Николајчо Николов, претседател на МАР, во своето излагање истакна дека, иницијативата за потпишување на Меморандумот е покрената од бугарска страна, кои имаат потпишано спогодби со повеќе земји, меѓу кои сметаат да воспостават соработка и со МАР. Оваа иницијатива беше истакната на средбата во Софија, што делегацијата од МАР ја оствари на 18 август - Денот на рударите во Бугарија.

 

Целта на потпишувањето на Меморандумот е да се нагласи важноста на двете организации, одржливиот развој на овој сектор на глобално, европско и регионално ниво со цел напредок и развој на државите и народите и зачувување на природата, да ја препознае потребата за постојана размена на знаења, достигнувања и идеи, да покаже желба да се зајакне научната, деловната и практичната размена.

Текстот на Меморандумот беше усвоен на состанокот и се предложи потпишувањето да биде во Стопанска комора на Македонија, а терминот на потпишување дополнително ќе се одреди во договор со претставниците на  Бугарската комора на рударство и геологија.

На седницата беше разговарано и за состојбата во рударскиот сектор, при што беше нагласено дека металичните минерални суровини, се соочуваат со проблемот на падот на цената на берзата на металите, што е  најголем досега по 2008 година, при што во рудниците се преземаат мерки за задржување на вработените и одржување на тековното производство.

Неметалните минерални сурови, кои се експлоатираат во нашата земја, се истакна како и многу пати досега, дека се доделени голем број на концесии на мало подрачје, пример во Гостивар има 18 концесии за каменоломи, при што се јавува меѓусебна нелојална конкуренција. Во делот на мермерите, посебно во преработката се затвараат фирми, заради намален обем на работа.

Како посебен проблем се потенцира користењето на несоодветен материјал за градежништвото, најчесто за производството на бетони и малтери и се заклучи да се одржи заеднички состанок со претставниците на Здружението на градежништвото во Комората, во присуство и на претставници на министерството за економија и транспорт и врски, ИСРМ,  Институт за акредитација на РМ и лабораториите.

Во обемната дискусија се покренаа повеќе прашања, меѓу кои и да се побара од Комитетот за минерални суровини при Владата на РМ да постои и член од рударскиот сектор, потоа да се иницира бенифицираниот стаж на рударите во подземна и надземна екслоатација на минералните суровини.

Марија Петроска 

ЧЛЕНКИТЕ НА МАКЕДОНСКАТА АСОЦИЈАЦИЈА НА РУДАРСТВОТО – МАР наскоро ќе потпишат Меморандум за соработка со Бугарската комора на рударство и геологија