ЕДЕН РЕГИОН
ЕДНА ЕКОНОМИЈА
Актуелно / Стопанска комора на Македонија
   
Актуелно
19.06.2015 👁 Прочитано: 510

Регионална комора со седиште во Кавадарци - СОВЕТУВАЊЕ ЗА ПРАВИЛАТА НА ПОТЕКЛО НА СТОКИТЕ


Во организација на Регионалната комора со седиште во Кавадарци, беше организирано советување на тема: Правила на потекло на стоките. Семинарот се одржа на 19 јуни 2015 година, во деловните простории на компанијата „Кожувчанка“,  а со цел точно утврдување на потеклото на стоката што може да се дефинира како „економски пасош“ на стоките.  Денес мал број на стоки се целосно произведени во една земја и за нив одредувањето на потеклото е едноставно. Меѓутоа, за поголем дел на стоки утврдувањето на потеклото станува посложено поради фактот што нивното произвотство може да се одвива во повеќе фази и во различни земји.

 

Лидија Лекоска, претставник на Царинската управа на  Р. Македонија беше предавач на советувањето, која со конкретни примери од праксата ги појасни правилата и новините во делот на Регионалната конвенција, условите за нејзино применување, договорните страни и слично. Претставниците на  компаниите  беа во можност да поставуваат прашања и за истите да добијат појаснувања и од стручни лица вработени во Царинската управа во Гевгелија, Штип, Велес и Ново Село, кои беа присутни за време на советувањето во Кавадарци.

 

Александра Велкова

Регионална  комора со седиште во Кавадарци - СОВЕТУВАЊЕ ЗА  ПРАВИЛАТА  НА ПОТЕКЛО НА СТОКИТЕ