1030 д. 100 ГОДИШЕН ЈУБИЛЕЈ
Еден регион - Една економија
Актуелно / Стопанска комора на Македонија
   
Актуелно
17.06.2015 👁 Прочитано: 191

Здружението на енергетиката расправаше за „Енергетските предизвици на Република Македонија“ - КЛУЧНО Е ОБЕЗБЕДУВАЊЕТО НА ОДРЖЛИВ ЕНЕРГЕТСКИ РАЗВОЈ


Здружението на енергетиката при Стопанската комора на Македонија, на 17.6.2015 година, одржа конференција на тема: „Енергетските предизвици на Република Македонија".  На  конференцијата присуствуваа педесетина претставници на фирми, од надлежните министерства,  регулаторните тела и научната јавност.

Господинот Штефан Петер, претседател на Управниот одбор на „ЕВН Македонија“, пред присутните ги истакна инвестициските планови на компанијата  во земјава, додека генералниот директор на „МЕПСО“, Синиша Спасов, се осврна на инвестициските планови на „МЕПСО“, притоа посочувајќи ги проектите кои се во тек, градбата на далноводот што ќе ги поврзува Македонија и Србија, кој се очекува да биде завршен до крајот на летото и далноводот кој ќе ја поврзува Македонија со Албанија, кој е во фаза на проектна документација. Генералниот директор на „ЕЛЕМ“, Дејан Бошковски во своето обраќање ги наведе инвестициите кои се во тек и идните проекти на „ЕЛЕМ“. Главно, тоа се инвестиции во ревитализација на постојните енергетски објекти на „ЕЛЕМ“, како и можностите за отворање  нови рудници на јаглен, кои би можеле да ги снабдуваат постојните термоелектрани.

Претседателот на Здружението на енергетиката, д-р Ристо Јаневски, директор во „ОКТА“, ги акцентираше состојбите на пазарот на нафтени деривати во Македонија, како и законската регулатива во таа област, а проф. д-р Константин Димитров од МАЦЕФ се осврна на енергетската ефикасност и предизвиците со кои се соочува Република Македонија, додека  Крсте Миладиновски, директор на Македонски енергетски ресурси, ги презентираше плановите за развој на гасификацијата на Република Македонија. 

Целта на оваа конференција беше да се искажат релевантни информации во сите области од енергетскиот сектор, со што би се придонело за: одржлив развој на енергетсиот сектор, сигурност во снабдувањето, законската регулатива и за  енергетската ефикасност.

       Перо Авакумовски

Здружението на енергетиката расправаше за „Енергетските предизвици на Република Македонија“ - КЛУЧНО Е ОБЕЗБЕДУВАЊЕТО НА ОДРЖЛИВ ЕНЕРГЕТСКИ РАЗВОЈ