ЕДЕН РЕГИОН
ЕДНА ЕКОНОМИЈА
Актуелно / Стопанска комора на Македонија
   
Актуелно
28.04.2015 👁 Прочитано: 268

Здружението на градежништвото, индустријата на градежни материјали и неметалите расправаше по извештајот за петгодишниот период на работење - ПОСЕБНО ВНИМАНИЕ СЕ ПОСВЕТУВАШЕ НА ЗАКОНСКАТА РЕГУЛАТИВА ОД ОБЛАСТА НА ГРАДЕЖНИШТВОТО


       Здружението на градежништвото, индустријата на градежни материјали и неметалите на седницата одржана на 28.4.2015 година, го разгледуваше извештај за петгодишниот период на работење, при што беше истакнато дека  активностите се одвиваа на седници на Здружението, седници на групациите, како и на голем број работни состаноци и средби, кои беа во согласност со програмите за работа на Стопанската коморана Македонија и на Здружението, како и актуелните проблеми со кои се соочуваа компаниите во тековното работење. На седниците најчесто се расправаше, во присуство и на претставници од ресорните министерства или други институции надлежни за темата за која е свикана седницата.

      

       Во излагањето од страна на Марија Петроска беше истакнато дека посебно внимание се посветуваше на законската регулатива од областа на градежништвото, посебно за Законот за градење, кој за жал претрпуваше премногу измени, па во некои периоди дури не можеа да се следат и да се даваат  мислења и предлози. Но, на одделни законски решенија, мислењата и предлозите беа прифаќани и вградувани во конечните текстови на законите и слично.

      На седници на Здружението и на групациите е расправано и за проблемите со кои се соочуваат фирмите во тековното работење, поаѓајќи од самиот начин на аплицирање на тендери со електронско наддавање и нудење на ниски цени, ненаплатените побарувања за извршените услуги, увозот на градежни материјали кој влијае во намалување на домашното производство, посебно изразено кај туларската индустрија и друго.

       

 

      Никола Велковски, претседател на Здружението, ги информираше присутните дека на 7 април 2015 година, во Стопанската комора на Македонија е потпишана Спогодба за соработка, од страна на коморите од поранешните Ју-републики, при што има предлог да се креира линк на кој ќе бидат внесени капацитетите на фирмите кои се заинтересирани за заеднички настап во домицилните земји, но и во трети земји. Овој проект е во фаза на разработка, при што се очекува мислење од експерти за информатичка технологија од другите комори.

      На седницата беа избрани и 19 членови на Управниот одбор на Здружението. За претседател на Здружението беше избран Андреа Серафимовски од ДГ „Гранит“ АД - Скопје и двајца потпретседатели и тоа:  Шеху Исак, „Кнауф Радика“ - Дебар и Стојанче Стојанов, „БИМ“ - Свети Николе.  

                                                                                                    Марија Петроска

 

Здружението на градежништвото, индустријата на градежни материјали и неметалите расправаше по извештајот за петгодишниот период на работење -  ПОСЕБНО ВНИМАНИЕ СЕ ПОСВЕТУВАШЕ НА ЗАКОНСКАТА  РЕГУЛАТИВА ОД ОБЛАСТА НА ГРАДЕЖНИШТВОТО