ЕДЕН РЕГИОН
ЕДНА ЕКОНОМИЈА
Актуелно / Стопанска комора на Македонија
   
Актуелно
09.04.2015 👁 Прочитано: 497

Одржан форум со работодавачи во општина Кавадарци - НОВИТЕ МЕРКИ ЌЕ ПРИДОНЕСАТ ЗА ПОВЕЌЕ ВРАБОТУВАЊА


На 9 aприл 2015 година   во организација на Регионалната комора со седиште во Кавадарци се одржа форум со работодавачи.Целта    беше да се презентираат Активните програми/мерки за вработување пред работодавачите. Воедно,  беше одржана  дискусија за искуствата од досегашната примена на мерките и идентификување на проблемите и потребите на бизнис-заедницата во насока на јакнење на соработката во планирање и имплементирање на политиките за вработување на локално ниво.

 

Пред присутните се обратија  претставници од Министерството за труд и социјална политика, АВРМ и  градоначалникот на Кавадарци, Александар Панов.Тој наведе дека оваа општина е пример  со најмал број на невработени лица според бројот на жители. Како заслуга ги истакна мерките на Владата, со кои се намалуваат трошоците на работодавачите, а воедно и се олеснува начинот на вработување.

Раководителот на Единицата за локален економски развој, Тодор Ефремов посочи статистика од  2009 година до 2015 година во која е евидентно намалувањето  на неврабоитеноста.Тоа  се должи на новите инвестиции и обновување на веќе постоечките, како и на мерки кои поттикнуваат нови вработувања и го стимулираат развојот на малите  и средни компании.

На  форумот  беше извршена презентација од страна на Агенцијата за вработување со која беа конкретно објаснети  новите  мерки кои се во правец на   поддршка на бизнис - секторот,  вработувањето на младите лица и на корисниците на социјална парична помош.  Свои  искуства презентираа и  работодавачи кои ги користеле активните мерки кои ги превзема Владата.

Александра Велкова

Одржан форум со работодавачи во општина Кавадарци - НОВИТЕ МЕРКИ ЌЕ ПРИДОНЕСАТ ЗА  ПОВЕЌЕ ВРАБОТУВАЊА