1030 д. 100 ГОДИШЕН ЈУБИЛЕЈ
Еден регион - Една економија
Актуелно / Стопанска комора на Македонија
   
Актуелно
13.03.2015 👁 Прочитано: 160

Во Стопанската комора на Македонија беше остварена средба со претставници од Унгарија во функција на зголемување на економската соработката - ПОКРЕНАТА ИНИЦИЈАТИВА ЗА ПОТПИШУВАЊЕ МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА СО ЗЕМЈОДЕЛСКАТА КОМОРА НА УНГАРИЈА


Во Стопанската комора на Македонија беше одржана средба со претставници од Унгарија во функција на зголемување на економската  соработката  меѓу двете држави (13.3.2015 година).

На средбата присуствуваа: д-р Јожеф Бенце, амбасадор на Република Унгарија во Република Македонија, Горги Черван, државен секретар во  Министерството за земјоделие на Унгарија, Ервин Сел, економски советник при Амбасадата на Унгарија во Скопје и Марија Сабо, соработник во Министерството за земјоделие. Домаќини им беа Билјана Пеева Ѓуриќ, директор на Дирекцијата на здруженија според дејности, Васко Ристовски од  Здружението на земјоделството и прехранбената индустрија и Јадранка Аризанковска и Ивона Каранфиловска од  Дирекцијата на регионални комори и меѓународна соработка.

 

На средбата беше промовирана иницијативата за потпишување  меморандум за соработка меѓу Стопанската комора на Македонија и Земјоделската комора на Унгарија.

Со тоа би се отворила можноста за поголемо учество на фирмите од земјава на најголемиот Саем за земјоделие и сточарство „ОМЕК“.   Оваа саемска манифестација  ќе се одржи во Будимпешта, во септември 2015 година, по 78-ми   пат. Воедно, тоа ќе биде и одлична можност за унгарските и македонските компании да остварат соработка со меѓународни компании, да се поврзат со нови компании, да се отворат нови пазари за нивните производи и услуги и да ги зајакнат своите сегашни позиции на пазарот преку директна средба со потрошувачите.

На средбата беа презентирани можностите за соработка на компаниите, особено во областа на трансфер на нови технологии, во делот на  системите за наводнување, сточарското и живинарско производство, производството на овошје и зеленчук и семенарство. Исто така,  можност за соработка постои и во делот на рибарството и аквакултурата.

Горги Черван истакна дека Унгарската финансиска супервизија (FSA) ќе оствари соработка со Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје, преку кој студентите ќе имаат можност да добијат стипендии за студирање во Унгарија.

- Унгарија е позната во Европа по одгледување на семенарство. Има строги забрани за увоз на производи со ГМО кои се регулирани законски како дел од иницијативата „Европа без ГМО”, чиј иницијатор е Унгарија. Има добро регулирана законска регулатива за животински отпад каде има интерес за соработка. Во Унгарија успешно функционира системот за осигурување на земјоделски насади од природни непогоди од 2012 година и унгарските компании имаат интерес да се запознаат со начинот на работа на македонските осигурителни компании, - додаде  Горги Черван.

Ивона Каранфиловска

Во Стопанската комора на Македонија беше остварена средба со претставници од Унгарија во функција на зголемување на економската соработката - ПОКРЕНАТА ИНИЦИЈАТИВА ЗА ПОТПИШУВАЊЕ МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА  СО ЗЕМЈОДЕЛСКАТА КОМОРА НА УНГАРИЈА