ЕДЕН РЕГИОН
ЕДНА ЕКОНОМИЈА
Актуелно / Стопанска комора на Македонија
   
Актуелно
03.12.2014 👁 Прочитано: 861

Регионалната комора со седиште во Кавадарци одржа семинар за даночното право - ОБУКА ЗА ПРАВИЛНОТО УТВРДУВАЊЕ, ПРЕСМЕТУВАЊЕ И ПЛАЌАЊЕ НА ДАНОЦИТЕ


Имајќи го предвид значењето и важноста на правилното утврдување, пресметување и плаќање на даноците, Регионалната комора со седиште во Кавадарци, на 2.12.2014 година организираше  еднодневен семинар на тема: Нов правилник за нормирани износи на кало, растур, крш и расипување ( Пресметка на данокот на добивка, Концепт на оданочување на непризнаени расходи и помалку искажани приходи од поврзани лица).

 

Учесниците на семинарот имаа можност да ги продлабочат своите знаења и да ги споделат искуствата поврзани со најзначајните прашања кои беа  третирани,  пред се`, практичните искуства во примената на даночните прописи. 

На семинарот се посвети големо внимание на измените и дополнувањата на Законот за добивка, правилникот за утврдување на дозволената висина на кало, на компарацијата меѓу стариот и новиот правилник за нормирани износи итн.

Присутните имаа можност да добијат конкретни одговори и појаснувања од страна на предавачот, доц. д-р Костадин Дуковски.
 
Александра Велкова

Регионалната комора со седиште во Кавадарци одржа семинар за даночното право - ОБУКА ЗА ПРАВИЛНОТО УТВРДУВАЊЕ, ПРЕСМЕТУВАЊЕ И ПЛАЌАЊЕ НА ДАНОЦИТЕ