ЕДЕН РЕГИОН
ЕДНА ЕКОНОМИЈА
Актуелно / Стопанска комора на Македонија
   
Актуелно
13.11.2014 👁 Прочитано: 729

Групацијата за сува градба - МОЖНОСТИ ЗА СЕРТИФИЦИРАЊЕ МОНТЕРИ ЗА СУВОМОНТАЖНИ ЕЛЕМЕНТИ


Групацијата за сува градба при Комората на 13.11.2014 година одржа седница на која се расправаше за можностите за сертифицирање на монтерите, како и продолжување на иницијативата за зајакнување на Групацијата.

Од страна на Симона Ристоска, беше направена презентација на дејноста на Бизнис центарот за тренинг и обука и можноста за сертифицирање монтери за сувомонтажни елементи. Во изминатиот период Бизнис центарот доби Решение за верификација на програмата Монтер за сувомонтажни елементи од Центарот за образовние на возрасни на Република Македонија и во наредниот период ќе ја започне постапката за лиценцирање на Програмата во Министерството за образование и наука на Република Македонија.

Сертификатот што го добиваат учесниците на верифицираните и лиценцираните обуки во рамките на Бизнис центарот се признаени од Министерството за образование и наука, што претставува дополнителен мотив за членовите на Групацијата за сува градба кои имаат интерес да ја посетуваат обуката. Со поддршка на Здружението на градежништвото и „Кнауф“ ДООЕЛ - Скопје, Бизнис центарот за тренинг и обука изготви посебна понуда наменета токму за членките на Групацијата за сува градба, кои ќе можат да ја посетуваат обуката по специјална цена. Самата обука и стекнат сертификат, по успешно комплетирање на часовите и полагање на финалниот испит, ќе претставува еден чекор напред во издвојување на квалитетните монтери и признавање на нивните вештини и компетенции.

Во обемната дискусија беа отворени и поставени повеќе прашања, беа дадени и предлози како може занимањето монтер на сувомонтажни елементи да биде признаено. Се предлагаше да се испитаат сите можности преку законски решенија да се регулираат и да се опфатат во системот сите така наречени диви монтери, кои се голема нелојална конкуренција на законски регистрираните фирми.

На крајот од седницата се заклучи, на сите присутни да им се достави Програмата за монтер за сувомонтажни елементи, да ја разгледаат и да дадат предлози како истата да отпочне да се реализира.

Во насока на зајакнување на Групацијата беше апелирано од членките за помасовно зачленување во Групацијата и анимирање меѓусебно на членството, со цел истата да стане уште повеќе препознатлива за инвеститорите.

Марија Петроска

Групацијата за сува градба - МОЖНОСТИ ЗА СЕРТИФИЦИРАЊЕ МОНТЕРИ ЗА СУВОМОНТАЖНИ ЕЛЕМЕНТИ