ЕДЕН РЕГИОН
ЕДНА ЕКОНОМИЈА
Актуелно / Стопанска комора на Македонија
   
Актуелно
11.11.2014 👁 Прочитано: 559

Претставници на Здружението на трговијата и Здружението на земјоделството и прехранбената индустрија на средба со украинска компанија - НАЈАВЕНА ИЗГРАДБА И ОТВОРАЊЕ ЖИВИНАРСКИ ФАРМИ И КЛАНИЦА ЗА ПРОИЗВОДСТВО НА ПИЛЕШКО МЕСО ВО ЗЕМЈАВА


       Здружението на трговијата и Здружението на земјоделството и прехранбената индустрија при Стопанската комора на Македонија,  на барање на претставниците од Амбасадата на Украина, организираа работен состанок на кој учество земаа најголемите преработувачи на месо и преработки од месо, како и најголемите маркети во Република Македонија со потенцијален инвеститор од Украина. Тема на состанокот е пласман на пилешко месо, кое би го произведувал инвеститорот од Украина, кој најави отворање на неколку живинарски фарми на територијата на Република Македонија.

       

 

      На работната средба, што се одржа на 11.11.2014 година во Стопанската комора на Македонија, членките на двете здруженија ја изразија спремноста за соработка и најавија дека ќе ги понудат своите продажни капацитети за пласман да домашното производство на пилешко месо.

      Украинската компанија најави изградба и отворање живинарска фарма и кланица за производство на пилешко месо во Република Македонија. За таа цел посака да се сретне со потенцијалните клиенти, малопродажните синџири, дистрибутери на месо и производители кои користат пилешко месо, со дизајнери, по можност оние кои имаат искуство во проектирање живинарски фарми и кланици, и со градежни изведувачи, кои имаат искуство во градење на живинарски фарми, или барем слични објекти, како и со претпријатија за сточна храна.

        

       Украинската компанија „СЕМИНОГА“ е еден од најголемите производители на пилешко месо како суровина за месната индустрија во Украина. Поседува 4 фарми, своја кланица, производство на  добиточна храна и околу 10.000 ха со житарки. Намерата на оваа компанија е да отпочне со производство на пилешко месо за потребите на македонскиот пазар, и тоа 7.500 до 8.000 тони годишно.

     Домашните компании ја поздравија ваквата иницијатива и воедно изразија спремност да соработуваат со украинската компанија. Секако, притоа тие укажаа на околностите под кои моментално работи домашната индустрија, набавката на пилешко месо како репроматеријал, актуелните царини, ограничувања, но и можностите за добра соработка доколку се оствари ваквата инвестиција.

      Воедно, до страна на домашните преработувачи беше покрената иницијатива за извоз на готови производи од месната индустрија на украинскиот пазар, за што подоцна ќе се разговара.

      Беше договорено да се интензивираат контактите, соодветно со динамиката на реализацијата на најавената инвестиција. Здружението на трговијата и понатаму ќе продолжи со воспоставување контакти на своите членки со потенцијални странски партнери, со цел нивно вклучување со заемната соработка.

                                                                                                        Лазо Ангелевски
                                                                                                        Васко Ристовски

 

Претставници на Здружението  на трговијата  и Здружението  на земјоделството и прехранбената индустрија на средба со украинска компанија  -  НАЈАВЕНА  ИЗГРАДБА И ОТВОРАЊЕ ЖИВИНАРСКИ ФАРМИ И КЛАНИЦА ЗА ПРОИЗВОДСТВО НА ПИЛЕШКО МЕСО ВО ЗЕМЈАВА