Актуелно / Стопанска комора на Македонија
   
Актуелно
05.11.2014 👁 Прочитано: 881

Во Регионалната комора со седиште во Кавадарци беше одржан семинар за Законот за задолжница - СРЕДУВАЊЕ НА ДОЛЖНИЧКО-ДОВЕРИТЕЛСКИТЕ ОДНОСИ


Во организација на Регионалната комора со седиште во Кавадарци, на 4.11.2014 година, беше одржан семинар за Законот за задолжница, со цел објаснување на неговата практична примена, улогата на поврзаните институции во постапката и промените во должничко-доверителските односи кои стапуваат на сила од 1 јануари 2015 година.

Присутните кои беа на семинарот добија целосна информација за инструментот задолжница, начинот за издавање, наплата на обврски по датум на доспевање итн.

 

Овoј закон е предвиден само за правните лица. Задолжницата има карактер на извршна исправа. Доверителот може во секое време да се откаже од правата од задолжницата со изјава дадена кај нотар кој ја заверил задолжницата. Во случај на отворање на стечајна постапка над должникот, побарувањата по основ на задолжница се пријавуваат кај стечајниот управник согласно со одредбите од Законот за стечај.

Александра Велкова

Во Регионалната комора со седиште во Кавадарци беше одржан семинар  за  Законот  за задолжница - СРЕДУВАЊЕ НА ДОЛЖНИЧКО-ДОВЕРИТЕЛСКИТЕ ОДНОСИ