ЕДЕН РЕГИОН
ЕДНА ЕКОНОМИЈА
Актуелно / Стопанска комора на Македонија
   
Актуелно
28.10.2014 👁 Прочитано: 523

Управен одбор на Регионалната комора со седиште во Кавадарци - ИНВЕСТИЦИИТЕ КЛУЧНИ ЗА РАСТ НА КОНКУРЕНТНОСТА НА МАКЕДОНСКАТА ЕКОНОМИЈА


Членовите на Управниот одбор на Регионалната комора со седиште во Кавадарци, сметаат дека инвестициите, дефинирани како пораст на нивото на капитал во економијата, се клучниот фактор за раст на продуктивноста, односно за раст на конкурентноста во производството. Тоа беше изнесено на седницата одржана на 27.10.2014 година, на која се дискутираше по Информацијата „Инвестициите во приватниот сектор – приоритет за повисока конкурентност на македонската економија“.  При тоа беа усвоени заклучни констатации и препораки, меѓу кои и барањето за привлекување директни странски инвестиции во производните дејности и подеднаков третман на домашните со странските инвеститори.

На седницата, Љупка Илиевска-Самарџиска од Центарот за следење на законска регулатива при Стопанската комора на Македонија ги информираше присутните за најновите измени на законските прописи од значење за бизнисот, како и за прописите кои се во фаза на донесување. 

Пред присутните беше извршена и презентација на добиените резултати од спроведената анкета на Стопанската комора на Македонија за искуствата на компаниите во постапките за наплата на побарување во должничко-доверителски односи, како и искуствата на компаниите во останатите судски постапки, за констатираните состојби и предлозите за надминување на воочените проблеми.

Александра Велкова

Управен одбор на Регионалната комора со седиште во Кавадарци - ИНВЕСТИЦИИТЕ  КЛУЧНИ ЗА РАСТ НА КОНКУРЕНТНОСТА  НА МАКЕДОНСКАТА ЕКОНОМИЈА