ЕДЕН РЕГИОН
ЕДНА ЕКОНОМИЈА
Актуелно / Стопанска комора на Македонија
   
Актуелно
01.09.2014 👁 Прочитано: 549

Состојби и можности за пласман на земјоделски прехранбени производи во Руската Федерација - СО КВАЛИТЕТ И ЦЕНИ МАКЕДОНИЈА МОЖЕ ЗНАЧИТЕЛНО ДА ГО ЗГОЛЕМИ ИЗВОЗОТ ВО РУСКИТЕ РЕГИОНИ


      Со воведување на едногодишна забрана од страна на Руската Федерација за увоз на земјоделски прехранбени производи од ЕУ, САД, Норвешка, Канада и Австралија, се отвора можност за извоз на македонски производи, при што неопходно е во најкраток можен рок да се изнајде начин како да се пласираат домашните производи на тамошниот пазар во што поголеми количества. За таа цел, Здружението на земјоделството и прехранбената индустрија при Стопанската комора на Македонија заедно со Македонско-руската стопанска комора  ги истражуваат можностите за зголемување на надворешно-трговската размена меѓу Република Македонија и Руската Федерација.
      За ова на прес-конференција зборуваа Васко Ристовски, самостоен советник во Стопанската комора на Македонија и Дејан Бешлиев, извршен директор на Македонско-руската стопанска комора  (1.9.2014 година).

           

         Ако се погледнат податоците за меѓусебната размена за 2013 година, може да се констатира голем дефицит на македонската страна. Вкупната размена изнесува 195,2 милиони САД долари, при што од Република Македонија се извезени производи во вкупна вредност од 31,5 милиони САД долари, додека во истиот период од Руската Федерација се увезени производи во вредност од 163,6 милиони САД долари. Извезени се земјоделско-прехранбени производи во вредност од 9,6 милиони САД $ (доминира овошјето со 4,8 милиони САД$, виното со 1,4 милиони САД$, грозјето е на трето место со 1,8 милиони САД$ и зеленшукот со 1,2 милиони САД$),  а најголем дел од извозот отпаѓа на лекови (10,5 милиони САД$ ) и производи од машинската индустрија (7,3 милиони САД $). Извозот на земјоделски производи во Руската Федерација во однос на вкупниот извоз на производи од овој сектор изнесува 1,5%.
      Во делот на увозот доминираат енергенсите (115,8 милиони САД $ нафта и гас), металургија (7,1 милиони САД $), минерални суровини (8,5 милиони САД $).
     Вкупната трговска размена на Република Македонија со Руската Федерација во првата половина од 2014 година достигна вредност од 74,7 милиони САД$. При тоа, остварен е извоз во вредност од 17,7 милиони САД$, додека увозното салдо изнесува 60,9 милиони САД$. Споредено со истиот период во 2013 година, обемот на вкупната надворешно-трговска размена е намалена за 65,3 милиони САД$, што претставува пад од 46,7%. Извозот во 6-те месеци од 2014 година е зголемен за 2 милиона САД$, или споредбено со истиот период во 2013 година бележи раст од 17,3%, додека увозот е намален за 67,4 милиони САД$, што претставува пад од 52,5%. Во делот на земјоделството и прехранбената индустрија извезени се производи во вредност од 3,7 милиони САД$, при што најмногу се извезува зеленчук (2,3 милиони САД$), овошје (1,1 милион САД$) и вино (0,2 милиона САД$). Извозот на земјоделски производи во Руската Федерација во однос на вкупниот извоз на производи од овој сектор во првата половина од 2014 година изнесува  1,3%.
     Евидентиран е негативен биланс во трговската размена од 47,2 милиони САД$.
     Во првите шест месеци од 2014 година Русија е наш 10-ти надворешно-трговски партнер во вкупната размена која ја има Македонија со светот.
      На рускиот пазар Република Македонија може да понуди многу повеќе зеленчук отколку овошје имајќи го предвид фактот дека поголем дел од извозот отпаѓа на градинарски култури. По согледување на вишоците со кои располагаме со завршувањето на есенската берба, ќе се знае точно што и колку ќе може Република Македонија да и` понуди на Русија. Факт е дека се работи за огромен пазар кој тешко можат да го задоволат и земји со далеку поголем капацитет од Република Македонија. Сепак, сметаме дека е ова одлична можност за домашните компании од земјоделско-прехранбениот сектор и истата треба да се искористи. Што се однесува до компаниите и зделките кои тие може да ги направат со руските добавувачи, не гледаме некои посебни пречки и проблеми. Руските увозници се свесни за капацитетот на одредени земји и не случајно тие започнаа преговори со голем број земји како Турција, Аргентина, Бразил, Кина, Еквадор, Чиле, Казахстан, Узбекистан и др. за увоз на земјоделски производи. Освен за земјоделски, забраната се однесува и за одредени прехранбени производи, како млеко и млечни производи, месо, риба, морски плодови и маслодајни производи.

       
 
      Вкупната трговска размена на Република Македонија со Руската Федерација во првата половина од 2014 година достигна вредност од 74,7 милиони САД$.
При тоа, остварен е извоз во вредност од 17,7 милиони САД$, додека увозното салдо изнесува 60,9 милиони САД$. Споредено со истиот период во 2013 година, обемот на вкупната надворешно-трговска размена е намален за 65,3 милиони САД$, што претставува пад од 46,7%. Извозот во 6-те месеци од 2014 година е зголемен за 2 милиона САД$, или споредбено со истиот период во 2013 година бележи раст од 17,3%, додека увозот е намален за 67,4 милиони САД$, што претставува пад од 52,5%.

      Евидентиран е негативен биланс во трговската размена од 47,2 милиони САД$.
      Во првите шест месеци од 2014 година Русија е наш 16-ти надворешно-трговски партнер во вкупната размена која ја има Македонија со светот.
Со цел унапредување на соработката меѓу Република Македонија и Руската Федерација, Стопанската комора на Македонија и Македонско-руската стопанска комора, на последниот свој состанот иницираа отворање на дистрибутивен центар во областа Самара. Доколку се`уште постои интерс од срана на македонските компании за ваквата иницијатива, треба да се работи на платформа со конкретни барања во насока на олеснување и унапредување на билатералните трговски односи, кои се во надлежност на Владата.

 

 

                                                                                           Васко Ристовски

 

 

Состојби и можности за пласман  на земјоделски прехранбени производи во Руската Федерација - СО КВАЛИТЕТ И ЦЕНИ МАКЕДОНИЈА МОЖЕ ЗНАЧИТЕЛНО ДА ГО ЗГОЛЕМИ ИЗВОЗОТ ВО РУСКИТЕ РЕГИОНИ