Групација за сува градба - ВКЛУЧУВАЊЕ ВО ПОДГОТВОКАТА И СПРОВЕДУВАЊЕТО НА ЗАКОНСКИТЕ И ТЕХНИЧКИТЕ ПРОПИСИ

   

АКТУЕЛНО / 23.05.2014
👁 Прочитано: 1169


Групација за сува градба  - ВКЛУЧУВАЊЕ ВО ПОДГОТВОКАТА И СПРОВЕДУВАЊЕТО НА ЗАКОНСКИТЕ И ТЕХНИЧКИТЕ ПРОПИСИ

        Групацијата за сува градба, на седницата одржана на 23 мај 2014 година, расправаше за омасовување на самата Групација, со цел низ институциите на системот да се изнајдат мерки и решенија за надминување на одредени тешкотии во работењето и имплементација на законски и технички прописи.

       

      Пред присутните се обрати господин Тодор Деловски, регионален директор на „Кнауф“, кој ја поздрави иницијативата, а при тоа истакна дека еснафското здружување е една од најсилните  форми на здружување, каде  што заеднички ќе се истакнуваат проблемите и ќе се бараат решенија.

     На седницата беше поддржана иницијативата за зголемување на членството на Групацијата. Жарко Саватиќ истакна дека скоро се готови стандардизираните описи и нормативи на материјали и време на системи за сува градба, а тие ќе им бидат доставени на присутните на разгледување, со можност по истите да се достават мислења и забелешки до Комората.

         

      Марија Петроска од Комората даде кратка презентација за улогата на Комората во функција на реализирање на заедничките интереси, што предизвика голем интерес и конструктивна дискусија.

     На  седницата се заклучи стандардизираните описи да се достават по електронска пошта до сите присутни, а посебно беше нагласено зголемувањето на бројот на членовите на Групацијата. За таа цел им беше дадена пристапница, која пополнета треба да се достави до Комората.  Исто така, беше договорено, вакви состаноци да се одржуваат по можност еднаш во месецот.

                                                                                                       Марија Петроска