ЕДЕН РЕГИОН
ЕДНА ЕКОНОМИЈА
Актуелно / Стопанска комора на Македонија
   
Актуелно
21.05.2014 👁 Прочитано: 506

Регионална комора со седиште во Кавадарци и Регионална комора со седиште во Кичево - ИНТЕНЗИВИРАЊЕ НА ДЕЛОВНАТА СОРАБОТКА


     Во организација на регионалните комори со седиште во Кичево и во Кавадарци, на 20.5.2014 година, во деловните простории на компанијата „Кожувчанка“ во Кавадарци, се одржа деловна средба меѓу стопанствениците од   Кавадарци и од Кичево.

 

     

     Работната средба ја отвори претседателот на Регионалната комора со седиште во Кавадарци, Митко Јанчев, а свое воведно обраќање имаше и претседателот на Регионалната комора со седиште во Кичево, Игор Соколески.

 

     

     На работната средба покрај претставувањето на компаниите од Кичево и од Кавадарци и разговорите за можни соработки, се дискутираше и за Законот за финансиска дисциплина, кој се применува од 01.5.2014 година. Јадранка Аризанковска, виш советник во Дирекцијата за регионални комори и меѓународна соработка при Стопанската комора на Македонија, ги истакна очекувањата на стопанството од примената на Законот за финансиска дисциплина, за чие донесување еден од главните иницијатори беше и Стопанската комора на Македонија. Таа наведе дека освен што со Законот ќе се дисциплинираат компаниите, исто така субјектите од јавниот сектор ќе  ги извршуваат плаќањата кон приватните субјекти во рок од 60 дена.

     

     Како заклучок од дискусијата произлезе дека Законот за финансиска дисциплина е добро системско решение бидејќи соодветствува на европската регулатива и води кон редовно измирување на долговите на компаниите, подобрување на ликвидноста и остварување на нивни развојни планови, а со тоа ќе се спречи и создавање на нови и нови должници.
 

                                                                                                      Анета Околиќ
                                                                                                  Александра Велкова

Регионална комора со седиште во Кавадарци и Регионална комора  со седиште во Кичево -  ИНТЕНЗИВИРАЊЕ НА ДЕЛОВНАТА СОРАБОТКА