ЕДЕН РЕГИОН
ЕДНА ЕКОНОМИЈА
Актуелно / Стопанска комора на Македонија
   
Актуелно
14.03.2014 👁 Прочитано: 1060

Во Стопанската комора на Македонија се одржа промоција на Светскиот ден на правата на потрошувачите - РАСТЕ СВЕСТА И ЗАШТИТАТА НА ПОТРОШУВАЧИТЕ, А УЛОГА ИМААТ И КОДЕКСИТЕ ЗА ДОБРА ПРАКСА


     Во соработка со Министерството за економија на Република Македонија, Стопанската комора на Македонија организираше промоција на Светскиот ден на правата на потрошувачите (14.3.2014 година).  Оваа година промоцијата беше    одбележана  со презентација и согледувања на следната тема: “Остварени резултати во заштитата на правата на потрoшувачите - Кодекси на добра пракса”. Светскиот ден на правата на потрошувачите се одбележува на 15 март, а на средбата во Комората беше поздравен фактот дека сите засегнати страни веќе седат на заедничка маса ги изнесуваат и разгледуваат проблемите, што не беше случај пред неколку години.

      


      Според зборовите на Анче Трифунов,  државен секретар во Министерството за економија, македонската регулатива во оваа област е усогласена со петнаесетте директиви на Европската унија. Сепак, на крајот од годинава ќе се донесе новата програма за заштита на потрошувачите за периодот 2015-2016, а наредната година ќе се донесе и новиот закон за заштита на потрошувачи во кој ќе бидат вградени сите европски директиви.
     -Тргнувајќи од важноста на одговорното и етичко однесување на стопанските субјекти во работењето, како нужна претпоставка за негување на добрите деловни односи, Стопанската комора на Македонија, и оваа година, со својата активна вклученост во подготовката и потпишувањето на Кодексите на добра пракса во рамките на здруженијата и групациите кои постојат и работат во Комората, активно придонесе за поттикнување на развојот на квалитетни односи и на лојална конкуренција помеѓу деловните партнери, како и подобрување на состојбите во деловната средина во која деловните субјекти стопанисуваат. – истакна м-р Јелисавета Георгиева, извршен директор на Стопанската комора на македонија. 

        Во Комората изминатиот период беа потпишани 10 Кодекси на добра пракса и истите се задолжителни и применливи за членките на: Здружението на трговијата, Здружението на земјоделството и прехранбената индустрија, Здружението на текстилната индустрија и конфекцијата, Здружението на комуналните дејности, Здружението на банкарството, Здружението на осигурувањето, Здружението на производителите на тутун и производи од тутун и следните групации: Групацијата за работење со хартии од вредност, Групацијата на агенции за промет со недвижности и Групацијата на сува градба.

       

      Со активностите на овој план кои ќе продолжат и понатаму во рамките на другите облици на организирање и работење во Комората, и како што нагласи Георгиева, со што  активно се придонесува во градење на здрави деловни односи, воспоставување стабилни меѓусебни контакти засновани на почит и доверба и унапредување на соработката меѓу деловните субјекти, што дава позитивен импулс кон градењето на едно повисоко ниво на професионално, објективно, непристрасно, коректно и пристојно однесување кон корисниците на производите и услугите на нашите членки.Тоа пак, од своја страна, овозможува субјектите да соработуваат меѓу себе и да разменуваат информации и мислења без да си пречат во секојдневната работа, вложувајќи напор за зголемување на својот  и угледот на здруженијата и групациите во кои се организираат и работат, со нужно почитување и на правата и угледот на корисниците на нивните производи и услуги.
     Свое обраќање имаа и претставници од здруженијата и групациите при Стопанската комора на Македонија кои потпишале кодекси:  Ило Рисотвски,  претседател на Здружението на осигурување, Анета Андовска Сараулева,  од Здружението на земјоделството и прехранбената индустрија, Билјана Василевска, член на УО на Групацијата на агенции за недвижности и Ѓорги Крајчев,  Групација на импортери на моторни возила при ССК.

      


      Инаку, несоодветно истакната цена, немање декларација или гаранција, заведување со реклами, неиздавање фискални, условувања - со еден производ да се купи друг, измами со наводни сезонски намалувања, се само некои од поплаките на македонските потрошувачи.
      Во Организацијата на потрошувачи граѓаните најмногу реагирале на услугите во мобилната и фиксната телефонија, наспроти делот храна и право на пациенти. 
       Паѓање или прекини на мрежата, продолжување договори без претходно консултирање со корисникот, задоцнети сметки или испраќање застарени долгови, наплатување услуги кои не ги барале, неразбирливи наградни игри, според Марјана Лончар од Организацијата на потрошувачите на Македонија, се најчестите поплаки.Таа испрати порака до македонските компании да се ангажираат  за импелменирање на стандардот ИСО26000, кој директно се однесува како да се изврши организација која ќе биде социјално одговорна кон клиентите.(С.П.)

 

 

Во Стопанската комора на Македонија се одржа  промоција на Светскиот ден на правата на потрошувачите - РАСТЕ СВЕСТА И ЗАШТИТАТА НА ПОТРОШУВАЧИТЕ, А УЛОГА ИМААТ  И КОДЕКСИТЕ ЗА ДОБРА ПРАКСА