ЕДЕН РЕГИОН
ЕДНА ЕКОНОМИЈА
Актуелно / Стопанска комора на Македонија
   
Актуелно
12.03.2014 👁 Прочитано: 539

Здружението на градежништвото, индустријата на градежни материјали и неметалите -ГРАДЕЖНИЦИТЕ СО ДОПОЛНИТЕЛНИ ПРЕДЛОЗИ ЗА ГРАЃАНСКИОТ ЗАКОНИК


         Здружението на градежништвото, индустријата на градежни материјали и неметалите на седницата одржана на 11.3.2014 година расправаше по работната верзија на Граѓанскиот законик на РМ - Книга трета - Облигационите односи. Воведни напомени за овој исклучително важен документ, даде проф. д-р Гале Галев, кој истакна дека ваков документ се носи еднаш на сто години, па затоа е посветено големо внимание при неговата подготовка. Во документот е водено сметка за еднаквоста и рамноправноста, за слобода и диспозиција, однос на трансфер на права и обврски и казна.

Посебно внимание во расправата се посвети на делот каде е опфатен договорот за градење, за кој воведни напомени даде доц. д-р Дарко Спасевски, кој истакна дека при подготовката во предвид се земени узансите, кои, за жал, се укинати, потоа одредбите на ФИДИК-нормативите и законските одредби кои го регулираат делот на градењето, финансирањето и слично. Во излагањето беа посочени повеќе членови кои се менуваат или се бришат, но ниту еден член не се повикува на друг член од некој закон, освен на некој пропис.


Во обемната дискусија беше истакнато дека има доста јасни одредби, систематиката е добра, термините се појаснети, при што нема да се јавува двосмисленост во толкувањето. Некои термини треба да се објаснат, односно да се вградат како што се, на пример: непредвидливи работи и непредвидени работи,  кои се два различни термина.

Како што беше истакнато, јавната расправа по текстот на Граѓанскиот законик на РМ - Книга трета - Облигационите односи, ќе трае до 25 март 2014 година, така што до овој термин треба да се доставуваат сите забелешки, предлози било како амандмани или како сугестии до Комисијата за кодификација на граѓанскиот законик, поединечни или како заеднички забелешки преку Стопанската комора на Македонија.

Претседателот за на Здружението на градежништвото, индустријата на градежни материјали и неметалите, Никола Велковски, заблагодарувајќи се за исцрпната дискусија на претставниците на Комисијата и на членките на Здружението, предложи, Здружението уште еднаш да се состане и да се систематизираат сите забелешки со предлози и образложенија и да се достават како заеднички материјал преку Стопанската комора на Македонија до Комисијата за кодификација на граѓанскиот законик.

 

Марија Петроска


Здружението на градежништвото, индустријата на градежни материјали и неметалите -ГРАДЕЖНИЦИТЕ СО ДОПОЛНИТЕЛНИ  ПРЕДЛОЗИ ЗА ГРАЃАНСКИОТ ЗАКОНИК