ЕДЕН РЕГИОН
ЕДНА ЕКОНОМИЈА
Актуелно / Стопанска комора на Македонија
   
Актуелно
28.02.2014 👁 Прочитано: 574

Здружение на градежништво, индустријата на градежни материјали и неметали - ИНИЦИЈАТИВА ЗА ЗАЕДНИЧКИ НАСТАП НА ТРЕТИ ЗЕМЈИ НА ГРАДЕЖНИТЕ КОМПАНИИ ОД ЗЕМЈИТЕ ОД РЕГИОНОТ


         Здружението на градежништвото, индустријата на градежни материјали и неметали на седницата одржана на 28.2.2014 година, ја разгледа и поддржаа иницијативата за  заедничко учество на тркалезната маса на тема:

„Унапредување на регионалната соработка во областа на градежништвото, институционално поврзување за заеднички настап, со посебен акцент на трети пазари“ што ќе се одржи во Сараево, Босна и Херцеговина.
 

Целта за оваа иницијатива е да се изнајдат можности и начини за заеднички настап на градежната оператива на трети пазари, преку формирање на конзорциум составен од компании од Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора, Косово и други.

Запознавање за состојбите во градежништвото одделно по земји, како и меѓусебното запознавање на фирмите, преставува почетен импулс за почеток да се реализира оваа иницијатива, која е поддржана и од Србија и Хрватска, кои ќе присуствуваат на средбата. Компаниите од земјите од Регионот, се залагаат создавањето на конзорциум да биде во рамките на стопанските комори.

Градежните компании во обемната дискусија истакнаа дека во тековното работење имаат изразен проблем со честото менување на законската регулатива, кака на самите закони, така и на подзаконските документи, кои создаваат проблеми и недоречености во работењето на компаниите.

Во наредниот период ќе се подготви анализа на законските прописи кои се однесуваат за градежништвото, со цел да се покренат иницијативи за нивно изменување и дополнување.

Марија Петроска  

Здружение на градежништво, индустријата на градежни материјали и неметали  - ИНИЦИЈАТИВА ЗА ЗАЕДНИЧКИ НАСТАП НА ТРЕТИ ЗЕМЈИ НА ГРАДЕЖНИТЕ КОМПАНИИ ОД ЗЕМЈИТЕ ОД РЕГИОНОТ