ЕДЕН РЕГИОН
ЕДНА ЕКОНОМИЈА
Актуелно / Стопанска комора на Македонија
   
Актуелно
26.12.2013 👁 Прочитано: 446

Работна средба во Регионалната комора со седиште во Кавадарци – ПОТРЕБНО Е ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ИЗВОЗОТ И ОКРУПНУВАЊЕ НА КОМПАНИИТЕ


          Во Кавадарци, на 26.12.2013 година, се одржа работна средба со стопанствениците од регионот на Тиквешијата, во организација на Регионалната комора со седиште во Кавадарци, на која присуствуваше и претседателот на Стопанската комора на Македонија,  Бранко Азески.

Во своето обраќање Азески, потенцираше дека за стопанствениците и за регионот е од исклучителна важност да се соработува меѓусебно и да се настапува заеднички на големите пазари.


Азески потенцираше дека е од круцијално значење зголемувањето на извозот и окрупнувањето на компаниите од сродните бранши на регионално ниво за настап на големите пазари, како што се, на пример, Кина, Русија и Северна Африка. Тој наведе дека треба да се работи на ослободувањето од двојно оданочување.


- Стопанската комора на Македонија настојува да им излезе во пресрет на стопанствениците преку идентификација и на пара-фискалните давачки кои компаниите ги плаќаат како дополнителни трошоци при нивното работење, - рече пред присутните Азески.

Честитајќи ја Новата 2014 година и истакнувајќи дека поврзувањето на стопанството на Балканот е основа за јакнење на економијата на целиот регион,  првиот човек на Комората наведе дека оптимизмот треба да надвладее во борбата со економската криза.


 

Работна средба во Регионалната комора со седиште во Кавадарци – ПОТРЕБНО Е ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ИЗВОЗОТ И ОКРУПНУВАЊЕ НА КОМПАНИИТЕ