ЕДЕН РЕГИОН
ЕДНА ЕКОНОМИЈА
Актуелно / Стопанска комора на Македонија
   
Актуелно
03.12.2013 👁 Прочитано: 518

Здружение на земјоделството и прехранбена индустрија при Стопанската комора на Македонија - ФОРМИРАНА АСОЦИЈАЦИЈА НА КОНЦЕСИОНЕРИ НА ЗЕМЈОДЕЛСКО ЗЕМЈИШТЕ ВО ДРЖАВНА СОПСТВЕНОСТ


         Со донесувањето на Законот за продажба на земјоделското земјиште во државна сопственост („Сл. весник на РМ“ бр. 87/2013), се воспостави правна рамка за спроведување постапки за продажба на земјоделското земјиште во државна сопственост. Со цел допрецизирање на одредени одредби (начинот на исплата и правото на учество во јавното наддавање), истиот беше два пати менуван и дополнуван преку донесувањето на:

1. Законот за изменување и дополнување на Законот за продажба на земјоделското земјиште во државна сопственост („Сл. весник на РМ“ број 106 од 29.07.2013 година) и

2. Законот за изменување и дополнување на Законот за продажба на земјоделското земјиште во државна сопственост, по скратена постапка („Службен весник на РМ“ бр.137, од  7 октомври 2013 година).
Исто така, донесени се и објавени во „Службен весник на РМ“ бр.130, од 23 септември 2013 година и  следните  подзаконски акти:


- Уредбата за содржината на Годишната програма за продажба на земјоделското земјиште во државна сопственост;
- Методологијата за процена на вредноста на земјоделското земјиште во државна сопственост и насади;
- Методологијата за утврдување на максимална и кумулативна површина на земјоделско земјиште во државна сопственост што е предмет на продажба.

На седницата на Здружението на земјоделството и прехранбената индустрија  при Стопанската комора на Македонија, одржана на 22.11.2013 година, членките- правни лица концесионери на земјоделското земјиште во државна сопственост, детално беа запознати  со одредбите од горенаведените правни акти.

Со оглед на тоа што по обемната дискусија од присутните беа изнесени  неколку дилеми и клучни прашања во врска со имплементацијата на истите во пракса, Здружението на земјоделството и прехранбената индустрија заклучи дека за нивно разјаснување, односно разрешување неопходни се активности  во рамките на јавно-приватниот дијалог со  претставници од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. За таа цел, Здружението донесе Одлука за формирање на Асоцијација на концесионери на земјоделско земјиште во државна сопственост.


Денес, согласно наведената Одлука, од членките при Здружението на земјоделството и прехранбената индустрија при Стопанската комора на Македонија, се конституира Асоцијацијата на концесионери на земјоделско земјиште во државна сопственост, за чиј претседател е избран господин Јани Ќука, координатор во Винарницата „Сковин“.

Основни цели и задачи на Асоцијацијата се:


- да се разгледуваат прашања во врска со унапредувањето на работењето и да се решаваат тековните проблеми поврзани со концесијата на земјоделското земјиште во државна сопственост;
- да се усогласуваат појавените спротивности и различни интереси во рамките на својата дејност;


- да се покренуваат иницијативи за донесување и да се разгледуваат предлози на закони и други прописи, да се даваат мислења и предлози по прашања од заеднички интерес поврзани со концесијата на земјоделското земјиште во државна сопственост.

Што се однесува до отворените прашања во врска со одредбите за продажба на земјоделско земјиште во државна сопственост над 50 ха, се заклучи  сите членки на Асоцијацијата да достават свои предлози до стручната служба на Комората, а по нивното систематизирање, ќе се закаже наредната седница на денес формираната Асоцијација.

Стојмирка Тасевска

 


 

Здружение на земјоделството и прехранбена индустрија при Стопанската комора на Македонија - ФОРМИРАНА АСОЦИЈАЦИЈА НА КОНЦЕСИОНЕРИ НА ЗЕМЈОДЕЛСКО ЗЕМЈИШТЕ ВО ДРЖАВНА СОПСТВЕНОСТ