ЕДЕН РЕГИОН
ЕДНА ЕКОНОМИЈА
Актуелно / Стопанска комора на Македонија
   
Актуелно
25.10.2013 👁 Прочитано: 591

Во новоотворената канцеларија на Регионалната комора со седиште во Кавадарци средба на претставниците од бизнис-заедницата и единиците на локалната самоуправа – градоначалниците на општините од Вардарскиот регион - ВО ЗАЕДНИЧКИ УТВРДЕНИТЕ ПРИОРИТЕТИ АКЦЕНТ НА ИНФРАСТРУКТУРАТА


Стопанската комора на Македонија отвори канцаларија на Регионалната комора со седиште во Кавадарци и токму во неа се одржа работниот состанок меѓу претставниците од бизнис-заедницата и единиците на  локалната самоуправа – градоначалниците на општините од Вардарскиот  регион (25.10.2013 година). На состанокот се расправаше на тема: „Императивната соработка меѓу бизнис-заедницата и единиците на локалната самоуправа во рамките на планските региони“.Митко Јанчев, претседателот на Регионалната комора со седиште во Кавадарци посебно подвлече дека со отварањето на канцаларијата значајно ќе се зголеми соработката меѓу локалната самоуправа и бизнис секторот во овој   регионот.

 

-Неопходно е да се зголеми инвестирањето во инфраструктурата на регионално ниво бидејќи тоа битни влијае на развојот на бизнисот, но истовремено е потребно да се зајакнат надлежностите на локалната самоуправа. - истакна Бранко Азески, претседател на Стопанската комора на Македонија.
- Компаниите треба да поработат на својот однос кон јавноста, да бидат погласни, да лобираат, бидејќи токму тие  финансираат во сите свери на општетствениот живот што понекогаш знае да се подзаборави.

  

На работниот состанок, на кој присуствуваа и градоначалниците на општините од Вардарскиот плански регион беа отворени низа прашања што се од значај за локалните бизнис - заедници. Александар Панов, градоначелник на Кавадарци, побара враќање на наделжностите за стопанските спорови во судот во Кавадарци, со што  битно би се намалиле трошоците на компаниите. Ванчо Апостолов, градоначелник на Неготино,  побара лобирање за пронаоѓање на домашни и странски инвеститори во индустриската зона „Црвени Брегови“, по што беше договорено  Стопанската комора на Македонија да организира конференција на сите општини кои имаат индустриски зони.На таквата средба би се размениле искуствата меѓу локалните самоуправи, компаниите и инвеститорите.Градоначеникот на Градско, Жанета Чаушевска, пак, се заложи компаниите да бидат пофлексибилни при приемот на работниците во однос на  возраста на работната сила, при што да се обрнува вниманието на квалитетот, а не на годините.

-Токму  „симнувањето“ на локално ниво може да овозможи многу пореално да се согледаат состојбите, особено во областа на работната сила. Тоа ќе помогне да не се најдеме во ситуација да лобираме за доаѓање на инвеститори, а истовремено да не можеме да понудиме  соодветна работна сила. - посебно подвлече Антони Пешев, претседавач на Собранието на Стопанската комора на Македонија.

Никола Ризов, директор во „Фени Индустри“ истакна дека компаниијата во последната деценија има инвестиранио 200 милиони евра во  модернизација на капацитетите.Истовремено, таа какао општетствено одговорна компанија  вложува и во  општината во сите нејзини свери,  а посебно во екологијата.
-„Фени индустри“ ќе биде подготвена  до  1 април 2014 година во поглед на комплетната заштита на човековата околина, па затоа треба и да се биде внмимателен при оценките за влијанието на индустријата врз човековото здравје – додате Ризов.

 

Заеднички беа утврдени  приоритетите за развој на овој регион. Од нив,   посебно беа истакнати  следните:

1. Во патната инфраструктура

  • Модернизацијата на Коридорот 10 и доизградба на автопатот Демир Капија-Смоквица;
  • доизградба на третата лента на патниот правец Градско-Прилеп;
  • изградба на автопат Скопје - Свети Николе – Штип,

2. Во железничката инфраструктура

  • Модернизацијата и ремонт на железничка пруга од Коридорот 10 (модернизација на пругата Табановце – Велес – Гевгелија, како и на пругата Велес – Битола – Кременица);
  • Изградбата  на железничкиот крак од Коридор 10 кон Кавадарци, во должина од 6 км.

3. Во енергетиката, приоритет е интензивирањето на активностите  за спроведување на гасификацијата во регионот и оспособување на термоцентралата во Неготино за користење на  гас.

4. На ниво на општини, чиј поединечен развој соодветно придонесува за вкупен развој на регионот односно земјата во целина, се истакна потребата од:

  • забрзување на административните постапки од страна на органите на локалната самоуправа за донесување на ДУП-ови за изградба на индустриските  зони;
  • дефинирање на мерките во нивната надлежност за привлекување на потенцијални инвеститори, по примерот на германската странска инвестиција во Кавадарци од „Дрeкслмајер груп“ една од најголемите компании за производство на автоделови;
  • изградбата на локалните патишта, со потенцираните приоритети од секоја општина одделно;

Инаку, Вардарскиот плански регион, кој  зафаќа 16% од територијата на Република Македонија се одликува со исклучително ниска густина на населеност од 38 жители/км(во споредба со просекот на земјата од 81 жител/км) и голема концентрација на населението во градските средини (околу 69%).

Исклучително позитивна карактеристика за овој регион, што го разликува од другите региони, е поволната стопанска структура,  која чини да 57%  од БДП на Вардарскиот регион во 2012 година, е резултат на реалниот сектор, или оделно по дејности: 33% од рударството,  16% земјоделството и 8% од градежништвото.

Наведената позитивна структура дирекно и соодветно се рефлектира во надворешно-трговската размена. Со 17-18% учество во вкупниот извоз  и  7-8 % во вкупниот увоз на Република Македонија, овој регион континуирано се карактеризира со суфицит во надворешно-трговската размена.

Извозот од скоро 700 милиони САД долари, наспроти увозот во вредност од 490-500 милиони САД дорари, во 2012 година оствари суфицит од над 200  милиони САД долари, кој во однос на истиот од 2005 година  бележи раст од 110%.

Но, покрај поволната стопанска структура и позитивните односи на основните надворешно-трговски агрегати, Вардарскиот регион учествува само со 7-8 % во структурата на БДП на РМ  (четврт регион  по Скопскиот и Пелагонискиот  и Југоисочниот регион), со стапка на невработеност од 36,4. 

Иако е за 5 индексни поени пониска од стапката на ниво на државата, таа е многу висока наспроти потенцијалите што  ги има овој регион со  неговите општини, од кои би ги потенцирале:

  • Наоѓалиштата на ферониклоносните руди, како и застапените минерали -   перлитот, талкот, кварцитите и дијатомејската земја;
  • Поволните климатски услови за развој на земјоделството, кое располага со 12% од вкупно обработливата земјоделска површина на РМ и со 45% од вкупните лозови насади, поради што во овој регион се концентрирани најголем дел од винарските визби и преработувачките капацитети за винова лоза  во земјата;
  • Поволната хидрографска мрежа и богатството на водни ресурси - долните теченија на реките: Вардар, Црн Дрим, Брегалница, Бабуна, Тополка и Отовица кои даваат можност за изградба на 6 хидроакомулации, од кои досега се подигнати три – „Тиквеш“, „Лисиче” и „Младост”.

Вардарскиот регион произведува 18% од вкупното производство на електрична енергија во земјата (втор по Пелагонискиот регион), со посебно значење на ТЕЦ Неготино, за која клучен елемент е нејзината гасификација, како и неискористениот  хидропотенцијалот на реката Вардар.

Исклучителниот потенцијал за економски развој на Вардарскиот регион произлегува од централната позиција во државата. Коридорот 10 и автопатот, брзиот пристап кон аеродромот „Александар Велики“ во Петровец, железничката пруга и реката Вардар како реципиент, се предусловите кои го прават регионот поволна  бизнис-дестинација од аспект на сообраќајниот пристап.

Природниот резерват Тиквешко Езеро, археолошкиот локалитет Стоби, долгогодишната традиција за производство на вино за развој на винскиот туризам, со потенцијал за развивање на планински туризам преку изградба на ски-центарот на Кожуф - претставуваат значајни ресурси за развој на туризмот во овој регион.

Прилог:
Извоз-увоз на Вардарски регион/во милиони САД долари

Вардарски

2005

2006

2007

2008

2009

2010

2011

2012

Инд

Увоз

145

192

348

447

269

367

485

469

323,5

Извоз

240

353

724

590

336

547

708

669

278,7

Суфицит

95

161

376

143

67

180

223

200

210,5

Извор: ДЗС

 

Саво Пејчиновски

Во новоотворената канцеларија на Регионалната комора со седиште во Кавадарци средба на  претставниците од бизнис-заедницата и единиците на локалната самоуправа – градоначалниците на општините од Вардарскиот регион - ВО ЗАЕДНИЧКИ УТВРДЕНИТЕ ПРИОРИТЕТИ АКЦЕНТ НА  ИНФРАСТРУКТУРАТА