ЕДЕН РЕГИОН
ЕДНА ЕКОНОМИЈА
Актуелно / Стопанска комора на Македонија
   
Актуелно
03.09.2013 👁 Прочитано: 520

Обука на Здружението на градежништвото, индустријатана градежни материјали и неметали и ЗЕЛС - Заедницата на единиците на локалната самоуправа -РАСЧИСТУВАЊЕ НА ДИЛЕМИТЕ ОКОЛУ ИМПЛЕНТАЦИЈА НА Е-ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ


      На барање на повеќе членки на Здружението на градежништвото, индустријата на градежни материјали и неметали при Стопанската комора на Македонија, а во соработка со ЗЕЛС – Заедницата на единиците на локалната самоуправа, на 3.9.2013 година, беше организирана еднодневна обука за користење на информацискиот систем е-одобрение за градење, доградба и надградба, кој влезе во сила и истиот се применува почнувајќи од 1 јуни 2013 година.

Пред околу четириесетина проектанти од компаниите од градежништво, членки на Здружението, постапката за аплицирање по електронски пат за добивање на градежна дозвола, како што истакна  Виктор Арнаудоски од ЗЕЛС, е во согласност со Законот за градење,  Правилникот за начинот на спроведување на постапката за добивање на одобрение за градење на електронски начин и Правилникот за содржината на проектите, означувањето на проектот, начинот на заверка на проектот од страна на одговорните лица и начинот на користење на електронските записи.
 
Досега во државата доделени се 20 одобренија за градење по електронски пат, а околу 380 барања се во постапка на разгледување во единиците на локалната самоуправа. Истовремено, паралелно се разгледуваат и претходно поднесените барања пред 1 јуни 2013 година.

Обуката се одвиваше интерактивно преку практичен пример со аплицирање за добивање на е-дозвола, почнувајќи од почеток со регистрирање на самиот барател, како и комплетирање на сите чекори за добивање на одобрение.

Се поставуваа и се одговараше на многу прашања, почнувајќи од начинот на добивање и користење на електронскиот потпис, па се’ до прикачување и комплетирање на потребната документација,  односно проекти. Повеќе дилеми и прашања беа околу поднесување на проектите во DVG формат, за кој сите присутни истакнаа дека вака поднесените проекти создаваат можност за злоупотреба и нивно натамошно користење.

На крајот се заклучи, во најкраток можен рок, сите забелешки кои ги имаат компаниите околу правилниците, па и Законот, да се достават во писмена форма до Здружението на градежништвото индустријата на градежни материјали и неметали при Комората, кои понатаму ќе бидат систематизирани и доставени до надлежните институции. 

Марија Петроска

 

 

 

 

 


 

Обука на Здружението на градежништвото, индустријатана градежни материјали и неметали и ЗЕЛС - Заедницата на единиците на локалната самоуправа -РАСЧИСТУВАЊЕ НА  ДИЛЕМИТЕ ОКОЛУ  ИМПЛЕНТАЦИЈА НА Е-ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ