ЕДЕН РЕГИОН
ЕДНА ЕКОНОМИЈА
Актуелно / Стопанска комора на Македонија
   
Актуелно
19.06.2013 👁 Прочитано: 309

Здружение на градежништвото, индустријата на градежни материјали и неметалите - КОМПАНИИТЕ БАРААТ ДОПОЛНУВАЊЕ НА НОРМАТИВИТЕ ЗА КАЛО И РАСТУР ВО ГРАДЕЖНИШТВОТО


Здружението на градежништвото, индустријата на градежни материјали и неметалите, на седницата одржана на 19.6.2013 година, расправаше по Предлог-нормативите со кои ќе се утврди висина на кало и растур во градежништвото. Во присуство на претставници на Минстерството за економија, Министерството за финансии и Управата за јавни приходи, се отвори дискусија за нормативите како и по која методологија се предлагаат висините за калото и за растурот во градежништвото. На оваа тема, Здружението во февруари 2013 година имаше расправано и подготви предлози, кои ги достави до Министерството за економија. 

 

На денешната седница се оцени дека предлозите треба да се дополнат, во кои ќе бидат внесени и нови материјали кои се вградуваат во објектите.
За таа цел, се заклучи, компаниите своите дополнителни предлози да ги достават до понеделник и истите обединети со аргументи да бидат доставени до надлежниет министерства.

На барање на присутните, се заклучи, пред да се донесат нормативите, компаниите уште еднаш да дадат свое видување или образложение за висината за кало и растур за одделни производи, што беше поддржано и од претставниците на иституциите.

На седницата, од страна на г-ѓа Стојмирка Тасевска, директор на Дирекцијата за застапување на интересите на членките, беше презентиран Предлогот за донесување на закон за утврдување на роковите за исполнување на паричните обврски. Основата за подготовка, но и барање за донесување на овој закон претставува искуството во земјите на Европската унија и законско регулирање на начинот, но и времето на плаќање на меѓусебните обврски.

 

Во овој предлог на закон подеднакво се вклучени и јавниот и приватниот сектор, што ќе овозможи навремено плаќање на меѓусебните обврски. Присутните ги поддржаа Предлогот и заложбата на Комората да се бара донесување на ваков закон, кој во голема мера ќе ја подобри ликвидноста на компаниите. Се предложи,  со договорот склучен меѓу субјектите од приватниот сектор и меѓу субјектите од приватниот и јавниот сектор, роток за исплата на паричните обврски да биде до 90 дена.

Марија Петроска

Здружение на градежништвото, индустријата на градежни материјали и неметалите  - КОМПАНИИТЕ БАРААТ ДОПОЛНУВАЊЕ НА НОРМАТИВИТЕ ЗА КАЛО И РАСТУР ВО ГРАДЕЖНИШТВОТО