1030 д. 100 ГОДИШЕН ЈУБИЛЕЈ
Еден регион - Една економија
Актуелно / Стопанска комора на Македонија
   
Актуелно
22.05.2013 👁 Прочитано: 49

Пред Здружението на градежништвото, индустријата на градежни материјали и неметалите, презентиран Патоказот од Проектот Build up Skills - ТРАСИРАН РАЗВОЈОТ НА КАПАЦИТЕТИТЕ НА ГРАДЕЖНИОТ СЕКТОР ВО ОБЛАСТА НА ЕНЕРГЕТСКАТА ЕФИКАСНОСТ


        Пред членките на Здружението на градежништвото, индустријата на градежни материјали и неметалите, на седницата одржана на 22.5.2013 година, од страна на д-р Ристо Иванов, експерт во Проектот Buld up Skills, беше презентиран Патоказот за развој на капацитетите на градежниот сектор во областа на енергетската ефикасност и обновливи извори на енергија.

          Како што истакна Иванов, намерата на Патоказот е да придонесе во остварувањето на националните енергетски цели преку обезбедување квалификувани работници во градежниот сектор за енергетска ефикасност  и обновливи извори на енергија. Документот ги презентира идентификуваните потребни вештини за различните занимања на градежните работници и бариерите што треба да се надминат за обезбедување на потребниот број на квалификувани работници, директно инволвирани во градба. Потребата од квалификувани работници  е минимум 9.600, а максимум 16.200 квалификувани работници. Mеѓу нив, за енергетска ефикасност се предвидени следните занимања: ѕидари, фасадери, столари, покривачи на кровови, термоизолатери, инсталатери, електричари и електромонтери. 

            Во Патоказот се дадени приоритетите за надградба на системот за образование на возрасни, следење и трансфер на европските искуства за дизајнирање на програми за ЕЕ и ОИЕ  за примена на сертификациони шеми, градење на капацитет на  образовните институции за испорака на обуки согласно потребите за квалификувани работници и идентификување и надминување на бариерите за реализирање на зацртаните цели.


             Акциониот план за реализирање на мерките за четирите приоритети  е изработен за периодот 2013-2016 година, а со него се опфаќа обука на 4.800  работници, кои се директно инволвирани во градбата, кои би требало да имаат свое учество во реализација на Националните енергетски цели во однос на ЕУ Стратегијата 20/20/20.
 

              Бидејќи високоградбата, односно станбените објекти на домаќинствата се поголемите потрошувачи на енергија, приоритетно е да се пристапи кон зајакнување на потребните вештини на градежните работници, било да се во текот на образованието, а повеќе во совладување на вештините преку дообука и преквалификација на возрасни. 

 

              Компаниите ги истакнаа интересот и потребата од обучен кадар, кој  ќе може да биде вклучен во градбата, иако самоиницијативно во повеќе компании се врши едукација. Сепак, законска регулатива, која се` уште во овој сегмент, не е целосно заокружена, засега претставува пречка за постигнување на барањата за квалитетна изградба и задоволување на барањата на ЕЕ во објектите. 

               На седницата се покрена иницијатива за донесување и на Правилник за изработка на проект за гасификација на станбените објекти, кој како и другите проекти треба да биде составен дел при добивање на одобрение за градење, како и во други земји, на пример, во  Хрватска.  

                Градежниците се залагаат за распоредување на работното време на годишно ниво, како би се избегнале празните одови во зимско време, а на сметка на  времето кога е најпогодно за градење и производство на градежни и неметални материјали, наменети за градењето на објектите. За реализација на оваа одредба, се формира работна група, која заедно со Синдикатот во компаниите ќе предложат мерки и решенија за реализирање на оваа одредба, која можеби ќе биде вградена и во законска одредба.

                                                                                                    Марија Петроска


 

Пред Здружението на градежништвото, индустријата на градежни материјали и неметалите, презентиран Патоказот од Проектот Build up Skills - ТРАСИРАН РАЗВОЈОТ НА КАПАЦИТЕТИТЕ НА ГРАДЕЖНИОТ СЕКТОР ВО ОБЛАСТА НА ЕНЕРГЕТСКАТА ЕФИКАСНОСТ