ЕДЕН РЕГИОН
ЕДНА ЕКОНОМИЈА
Актуелно / Стопанска комора на Македонија
   
Актуелно
12.03.2013 👁 Прочитано: 1345

Регионалната комора со седиште во Кавадарци ја усвои Програмата за работа за 2013 година - ПРЕДЛОЗИ И ИНИЦИЈАТИВИ ЗА ПОДОБРУВАЊЕ НА БИЗНИС-КЛИМАТА НА ЛОКАЛНО НИВО


     Управниот одбор на Регионалната комора со седиште во Кавадарци, на 11.3.2013 година, во просториите на компанијата „Кожувчанка“, ја одржа првата седница. На седницата беше извршена презентација на  улогата и значењето на Стопанската комора на Македонија, а беше усвоена Програмата за работа на Регионалната комора со седиште во Кавадарци за 2013 година.

       Состанокот го отвори претседателот на Регионалната комора, Митко Јанчев, кој пред бројните присутни го истакна значењето на овој регион во стопанството на земјава.

        Ѓ- Само на ваков начин преку редовни одржување на состаноци ќе можеме на многу подиректен начин да учествуваме во креирањето на деловната и инвестиционата политика, - дададе тој.


     
        Свое излагање имаше и вишиот советник од Стопанската комора на Македонија Јадранка Аризанковска, која ја презентираше улогата и значењето на оваа институција како деловен соработник во светот на бизнисот, а  ги образложи организационите форми кои делуваат  во Комората. Присутните беа запознати и со услугите кои ги нуди Комората на компаниите во имплементација на стандардите, едукација и семинари, извадоци од законската регулатива на ЕУ-легислативата  и ЕУ-интеграцијата, поврзување на компаниите со помош на  понуда и побарувачка, користење на е-комерција, учество на саеми и форуми,  како и издавање на документи за потребите на бизнисот.

          Пред присутните беше доставена и Програмата за работа на Регионалната комора со седиште во Кавадарци за 2013 година,  како и програмските активности на оваа комора за оваа година. Беше истакнато дека застапувањето на заедничките интереси на членовите на Регионалната комора со седиште во Кавадарци, подобрување на ефикасноста на работата и нивната организираност, во рамките на соработката со единиците на локалната самоуправа, како и со подрачните единици од соодветните министерства за сите прашања од интерес на стопанството, ќе бидат приоритет во нејзиното делување. Членките согласно програмата ќе иницираат воспоставување на директна и непосредна соработка со единиците на локалната самоуправа, преку формирање на економски совет на локално ниво, составен од претставници на бизнис-секторот во регионот и локалната власт.

            Неговата улога ќе биде во согласност со единиците на локалната самоуправа да го поттикнува економскиот раст и да го инструира ефикасното управување со развојот на овој регион. Од страна на присутните беше  побарано и подобра и поголема соработка со сите плански региони во државата, а поради блискоста, поврзаноста и значењето, посебно внимание да се посвети на соработката со Пелагонискиот плански регион.

             На крајот од седницата се заклучи, согласно значењето и економскиот потенцијал на овој регион, во наредниот период да се иницира  што поскоро отворање на канцеларија на Регионалната комора со седиште во Кавадарци, каде компаниите ќе можат полесно и подобро да доставуваат и да иницираат предлози  за подобрување на бизнис-климата на ниво на општината и во рамките на планскиот регион.


                                                                                                      Сашо Деспотоски

Регионалната комора со седиште во Кавадарци ја усвои Програмата за работа за 2013 година - ПРЕДЛОЗИ И ИНИЦИЈАТИВИ ЗА ПОДОБРУВАЊЕ НА БИЗНИС-КЛИМАТА НА ЛОКАЛНО НИВО
Регионалната комора со седиште во Кавадарци ја усвои Програмата за работа за 2013 година - ПРЕДЛОЗИ И ИНИЦИЈАТИВИ ЗА ПОДОБРУВАЊЕ НА БИЗНИС-КЛИМАТА НА ЛОКАЛНО НИВО