ЕДЕН РЕГИОН
ЕДНА ЕКОНОМИЈА
Актуелно / Стопанска комора на Македонија
   
Актуелно
28.06.2012 👁 Прочитано: 450

Делегација на Стопанската комора на Македонија во „Кожувчанка“ во Кавадарци и „Брако“ во Велес - ЗА ПРВ ПАТ ЌЕ БИДАТ ПОБАРАНИ ВЕРТИКАЛНИ МЕРКИ, ПРВЕНСТВЕНО ЗА МЕТАЛУРГИЈАТА


       -За прв пат ќе побараме вертикални мерки, во случај на нагло зголемување на проблемите во економската активност, првенствено за металургија, за која проценуваме дека е засега во најлоша позиција. Ако има влошувања и во другите сектори и за нив ќе биде потребно да се реагира, особено за оние дејности кои се столб на македонската економија.

 


         Ова го истакна Бранко Азески, во изјавата за медиумите при посетата на реномираната велешка компанија  „Брако“, заедно со претседавачот на Собранието, Антони Пешев и извршниопт директор,  м-р Јелисавета Георгиева,  со што беше  продолжена интензивната  посета на македонските компании и „скенирање“ на состојбата во стопанството.
         -Мерките се конципираат во два сегменти:  подобрување на ликвидноста на стопанството и заштита на конкурентноста на компаниите кои се изложени на негативните надворешни влијанија. Посебно е значајно да се реагира кај металургијата, бидејки таа гранка учествува со 35 отсто во вкупниот извоз во земјава, 17 отсто во вработеноста во индустријата, 11 отсто во создавањето на новосоздадената вредност и 8 отсто во создавањето на БДП. Во прашање е најрепрезантивната гранка во земјава во која со било какво пореметување ќе остави последици на  сите останати економски параметри на земјава. – додаде Азески.
        Во реномираната компанија „Брако“ во  Велес домаќинот на коморската делегација, д-р Кочо Анѓушев, претседател на Бордот на директори,  ги запозна гостите со фактот дека во моментов се извезува 93 отсто од производството во 19 земји во светот.Тоа е целосна ориентација на компанијата, која и покрај економската криза бележи раст на физичкиот обем на производството.

   
      

      -Сигурно и ние ги чуствуваме последиците од светската криза со намалени нарачки, но засега ги амортизираме последиците со прифаќање на нови производи. Почнаве со изработување на компоненти за камиони и за градежни машини.Инвестиравме и во реконструкција  на капацитет за пониклувана жица во Панчево во соседна Србија.Бидејќи и ние инвестираме во странство, немаме ништо против странските инвеститори, но државата мора да обрне внимание и на домашните, бидејќи профитот и трошењето на тие пари секогаш е во домицилната земја на инвеститорот. – истакна  д-р Кочо Анѓушев, кој посебно побара позначајно ангажирање на Македонската банка за подршка на развојот.
          Претходно, при посетата на „Кожувчанка“ во Кавадарци, претставниците на Комората беа информирани дека компанијата го  започна извозот на вода за Израел со испраќање на првите четри контејнери.За влез на пробирливиот пазар беа обезбедени сите сертификати и стандарди и компанијата сега очекува пласманот на вода во оваа земја да расте.

 


       -Капацитетот го користиме со нешто над 50 отсто и неопходно е да обезбедиме нови пазари заради зголемување на овие проценти.„Кожувчанка“ во земјава држи 20 отсто од пазарот на минерална вода и 6  до 7 отсто од пазарот на негазирана вода.Пласманот би можеле  значајно да го зголемиме, но пред нас се исправа проблемот со тешката наплата на побарувањата на домашниот пазар.Веќе „собирањето“ на парите од трговците за нашите производи се  зголеми на 65 дена и тоа претставува сериозен проблем -   истакна  Митко Јанчев, генерален менаџер и сопственик на компанијата. Во разговорот во компанијата,  која на македонскиот пазар го пласира и брендот „Синалко“ , беа издвоени и неколку проблеми со кои се судира  бизнисот во регионот.
        -Мрежичко ни е  погонот за полнење  вода, тука се и капацитетите на уште неколку компании, но пристапните патишта се  лоши.Во такви зафати државата мора да инвестира. – додава Јанчев, а за полесно решавање на проблемите на бизнис - секторот од овој дел на земјата со челните луѓе на најстарата и најголемата  бизнис асоцијацијна е договорено во најкус рок отварање на регионална комора со седиште во Кавадарци.
                                                                              

                                                                                                Саво Пејчиновски
 

 

 

Посета на фирми 28.06.2012

 

 

 

 Д-р Кочо Анѓушев „БРАКО“-Велес

 

 

  Митко Јанчев „Кожувчанка“ - Кавадарци

Делегација на Стопанската комора на Македонија во „Кожувчанка“ во Кавадарци и  „Брако“ во Велес - ЗА ПРВ ПАТ ЌЕ БИДАТ ПОБАРАНИ  ВЕРТИКАЛНИ МЕРКИ, ПРВЕНСТВЕНО ЗА МЕТАЛУРГИЈАТА