ЕДЕН РЕГИОН
ЕДНА ЕКОНОМИЈА
Актуелно / Стопанска комора на Македонија
   
Актуелно
16.03.2012 👁 Прочитано: 135

Здружение на градежништвото, индустријата на градежни материјали и неметалите за предложените измени на Законот за градење - РАСПРАВА ЗА ПОДОБРУВАЊЕ НА ЗАКОНСКИТЕ РЕШЕНИЈА


Здружението на градежништво, индустрија на градежни материјали и неметалите на 16.3.2012 година, во присуство и на претставник од Министерството за транспорт и врски, расправаше за предлог новите измени на Законот за градење.

Во обемната и плодна дискусија се отворија повеќе прашања и дилеми околу предложените измени и дополнувања на Законот, кои можат да се сведат во неколку групи, како прашања и дилеми:

- како да се вклопат инженерите кои завршуваат или имаат завршено по стариот и новиот систем на едукација на техничките факултети за добивање овластувања;
-  да се направи нова категоризација на градбите, посебно во втора категорија, каде треба да се одделат објекти по површина некаде до максимум 1000 м2;
- се предложи, одобрение за градење да се добива врз основа на идеен проект, или само архитектура и статика, со цел да се скрати постапката, но исто така и се предложи врз основа на идеен проект да се добие прво одобрение за подготвителни работи, а потоа одобрението за градење;
- критериуимите за одземањето на лиценците треба да се корегираат, како и  предвидените глоби треба драстично да се намалат, како за правните субјекти, така и за физичките лица.

 На крајот се заклучи, во писмена форма да се достават забелешките и предлозите до Министертсвото за транспорт и врски, во кои покрај предлозите од  состанокот, да се земат предвид и писмените забелешки кои треба компаниите да ги достават најдоцна до 20.3.2012 година.

                                                                                        Марија Петроска


 

Здружение на градежништвото, индустријата на градежни материјали и неметалите  за предложените  измени на Законот за градење - РАСПРАВА ЗА ПОДОБРУВАЊЕ НА ЗАКОНСКИТЕ РЕШЕНИЈА